„Пиев вода со чиа семе пред секој оброк за да го намалам апетитот – што се случи?“

Момче го споделува искуството со популарниот трик од ТикТок за намалување на апетитот – три дена по ред, пред секој оброк пиел чаша со вода и чиа семе и забележал дека пијалакот е навистина ефикасен.

piev-voda-so-chia-seme-pred-sekoj-obrok-za-da-go-namalam-apetitot-shto-se-sluchi-01.jpg

На ТикТок се прослави трик за слабеење кој вклучува пиење чаша вода со чиа семе половина час пред оброк. Наводно, бидејќи чиа семето го зголемува својот волумен кога е во вода, ако ја испиете течноста заедно со семето, вашиот стомак ќе биде полн и ќе се чувствувате сити подолго време.

Неколку нутриционисти велат дека овој трик навистина може да ви го намали апетитот бидејќи чиа семето е и храна што се дигестира побавно, што значи подолго ќе чувствувате ситост.

Сепак, тие нагласуваат дека овој трик не може да ја замени здравата исхрана.

Односно, за вистински да ги почувствувате ефектите, морате да обрнете внимание на целокупната исхрана, а водата со чиа семе да ја пиете за да изедете помало количество храна. Истовремено, не треба постојано да го пиете овој пијалак, туку само неколку денови, а потоа да направите пауза.

Бидејќи трикот стана ултра популарен, едно момче решило да го проба за да ни покаже што можеме да очекуваме.

Неговото искуство во продолжение (не значи дека секој ќе го има истото искуство):

„Трикот стана популарен бидејќи наводно може да го потисне чувството на глад и со тоа да го поттикне слабеењето, без разлика што водата со чиа семе нема влијание врз метаболизмот и не го зголемува согорувањето на калориите.

Водата треба само да направи да се чувствувате сито со помалку храна. По 3-дневно експериментирање со пијалакот, можам да кажам дека ми го намали апетитот и дека се чувствувам сито по само половина порција.

Пред секој оброк, пијалакот го подготвував на ист начин. Ставав една лажица чиа семе во чаша вода и оставав да отстои 15-20 минути.

piev-voda-so-chia-seme-pred-sekoj-obrok-za-da-go-namalam-apetitot-shto-se-sluchi-02.jpg

Чиа семето полека почнуваше да се зголемува и околу него да се појавува слој. Чиа семето има вид хранливи влакна кои апсорбираат вода, па може да си го зголеми волуменот кога е во течност.

Бидејќи дел од семето остануваше на површината, го потиснував со лажица надолу во чашата за да омекне.

piev-voda-so-chia-seme-pred-sekoj-obrok-za-da-go-namalam-apetitot-shto-se-sluchi-03.jpg

Ми требаа трпение и дисциплина за да го пијам пијалакот пред секој оброк. Најпрво, нема добар вкус и текстурата на семето е чудна.

Исто така, требаше да почекам 30 минути откако ќе го испиев пијалакот за да го почувствувам ефектот. Но, по 30 минути, сфатив колку ефикасен е пијалакот.

piev-voda-so-chia-seme-pred-sekoj-obrok-za-da-go-namalam-apetitot-shto-se-sluchi-04.jpg

Се чувствував како да сум изел цел оброк пред да каснам и залак од појадокот, ручекот или вечерата и не можев да ги довршам порциите што обично ги јадев цели.

На пример, една вечер си направив плескавица и тестенини. Откако го испив пијалакот, можев да изедам само половина плескавица и неколку залчиња од тестенините. 

Следниот ден, уште не можев да го довршам истиот оброк откако ја испив водата со чиа семе.

piev-voda-so-chia-seme-pred-sekoj-obrok-za-da-go-namalam-apetitot-shto-se-sluchi-05.jpg

По 3-дневниот експеримент ќе направам пауза од пијалакот бидејќи според нутриционистите не треба да го пиеме секој ден – може да предизвика проблеми како подуеност и констипација.

Според нутриционистот Алис Туроф не треба постојано да пиеме пијалаци што ни го намалуваат апетитот и нè тераат да ги намалуваме порциите бидејќи телото нема да ги добие сите потребни хранливи материи. 

Но, според нутриционистот Крис Солид, ако ми требаат повеќе хранливи влакна, тогаш консумирањето чиа семе може да биде од помош, сè додека го јадам умерено и пијам доволно вода“.

Доколку се решите на ваков чекор, сепак најдобро е да се консултирате со стручно лице, бидејќи секое тело е различно и не реагира исто. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Трикови за готвење од Инстаграм инфлуенсери, што не се практични и не функционираат „Пробав да направам од оние вирални рецепти, каде што стават тестенини со цело п...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg