Специјалитети од Македонија и светот кои секој турист треба да ги проба
Зелник од Македонија, сендвич со пастрма од Њујорк, пире со кашкавал од Франција – некои локални јадења им остануваат во сеќавање на сите туристи.
Навистина е неверојатно колку се разликуваат кујните на разните народи. Иако во сите има некои сличности, кога станува збор за традиционални јадења или популарна улична храна, разликите можат да бидат огромни.
Веројатно и затоа кога одиме во некоја држава задолжително ја пробуваме и локалната кујна, а некои вкусови остануваат во нашето сеќавање засекогаш.
Во продолжение неколку јадења од целиот свет кои мора да ги пробате веднаш штом ќе ви се укаже можност:
Македонија - Зелник
Традиционално македонско јадење направено со кори или тесто, полнето со сирење, праз, кисела зелка, спанаќ или мелено месо. Највкусен е топол, во комбинација со чаша јогурт.
Фото: Инстаграм
Кина - Yue Bing
Печиво што се јаде за време на кинески фестивал кој ја слави месечината. Печивото има тенко тесто и е полнето со паста од црвен грав и солена жолчка.
Јужна Кореја - Hotteok
Ова е можеби најпопуларната улична храна во Кореја. Станува збор за благ деликатес кој наликува на палачинка со тесто од оризово брашно и фил од кикиритки, цимет и мед или кафеав шеќер.
Индија - Lassi
Ласи е индиски пијалак направен од јогурт, вода и зачини, а некогаш се додава и овошје.
Њујорк - Сендвич со пастрма (pastrami sandwich)
Улична храна од Њујорк – сендвич направен со пастрма, односно овчо (или козјо) солено и сушено месо.
Кина - Di San Xian
Кинески специјалитет од пржени пиперки, компири и модар домат.