Корисни трикови: Како никогаш повеќе да не фрлате храна?
Остатоците од храна искористете ги за пица
Ви останал малку кечап, неколку печурки, домат, зеленчук, маслинки и други зеленчуци?
Одлично, купете готово пица тесто и имате ручек – ќе поминете многу поевтино и плус ќе ги искористите сите намирници без ништо да фрлите.
Од остатоците од зеленчук можете да направите вкусен ручек
Ако видите дека зеленчукот полека почнува да скапува и нема долго да издржи, измешајте сè во тава, ставете малку маслиново масло, зачини и испечете си здрав и вкусен ручек.
Замрзнете билки за додаток во храната
Ова можете да го правите и со остаток од сосови или да ставите билки во калап за мраз, да истурите малку маслиново масло и да ги замрзнете.
Така, ќе можете во секое време да ставите по една-две коцки во ручекот и да добиете одличен вкус во јадењето.
Направете доматен сос од презреаните домати
Ако забележите дека доматите почнуваат да омекнуваат, не ги фрлајте. Излупете ги и сварете ги 10-тина минути, а потоа изблендирајте ја смесата и додадете лук и други зачини по избор.
Вратете ја смесата во тавче и гответе уште 5-7 минути. Ќе добиете превкусен сос.
Замрзнете ги виршлите, колбасите, сланината и сл. за подолго да останат свежи
Ако имате купено повеќе месни производи, не ризикувајте да се расипат и да ги фрлите.
Замрзнете поголем дел од нив и чувајте ги за кога ќе ви требаат едно по едно.
M. M. | Црнобело