Што се служи на празничната трпеза за Нова година во земјите низ светот? (фото)
Јапонија
Јапонците веруваат дека костените носат успех во бизнисот, па затоа ги додаваат во различни јадења и десерти. На пример, во колачи од варен ориз. Покрај се служи и грашок, грав и харинга.
Германија
Во Германија на масата се сервираат јаболка и ореви. Познати се како овошје што ги симболизира мистериите и тешкотиите во животот. Ги ставаат и во печеното месо и десертите.
Америка
Во Америка традиционално јадење на празничната трпеза е полнетата мисирка. Но, тие ја готват тука на посебен начин. Ја полнат со сè што може да се најде во фрижидерот како: сирење, сливи, лук, грав, печурки, јаболка, зелка.
Чешка
Задолжително декорација на трпезата е штрудлата со јаболка. Се служи со сладолед, крем или џем. Покрај тоа, има супа и риба.
Португалија
Грозјето мора да биде на масата. Португалците сметаат дека тоа е симбол на изобилство и среќа. Затоа на полноќ јадат 12 зрна грозје и за секое си замислуваат желба.
Полска
Полската традиција е на новогодишната маса да има точно 12 различни јадења. И воопшто нема месо. Супи, житарици, компири, кнедли, колачи, а на чело на масата – рибата, која се смета за симбол на благосостојба на семејството.
Холандија
Главно место имаат холандските пржени крофни, попрскани со шеќер во прав. Во главните јадења на овој празник се служи национална холандска храна.
С. С. | Црнобело