Намирници кои имаат антибиотички својства, а сите ги имаме дома
Луѓето се научени да користат пречесто антибиотици, незнаејќи дека има други алтернативи и здрави начини со кои може да се излечат.
Многу голем број на храна и намирници кои ги имаме дома, се здрави и помагаат за многу работи, но не сите се запознаени со тоа.
За некои од нив сигурно сте слушнале, па би било добро да почнете да ги консумирате почесто.
Секако, не секогаш алтернативните природни лекови се најдобар избор и некогаш за некои сериозни болести е потребно и доктор да ви препише лекови и да ви потврди што смеете да консумирате.
Сепак, имајте ги на ум овие намирници кога ќе имате здравствени проблеми. Не може да ви пречат:
Мед
Ретко во кое домаќинство го нема, а ретко и кој не знае дека има голема моќ. Медот може да ви помогне при кашлица и може да го подобри сонот. Медот ги ублажува и симптомите на настинка, но немојте да го давате на бебиња помали од 1 година, поради ризици кои се ретки, но постојат.
Зелка
Зелката со векови се употребувала како дел од медицината, на пример за лечење на труење од печурки, за детоксикација, лечење на рани со листовите, или за спречување на хронични болести.
Јаболков оцет
Оцетот долго време се користел за лечење на различни болести. Дури и денес се верува дека има лекувачко дејство кога се работи за артритис, варење на храна или лечење на инфекции.
Ако бактериската инфекција не е многу проширена, јаболковиот оцет може да го реши проблемот, благодарение на антибиотичкото дејство. Ставете 2 лажици во чаша вода и пијте го како сок од јаболко.
Кромид
Кромидот има антибактериски и антисептички својства и е богат со сулфурни соединенија и киселини, а се смета за еден од најдобрите природни лекови за борба против инфективни процеси во респираторниот систем.
Додадете 2-3 лажици мед во изблендиран кромид и зголемете го неговиот ефект.
Лук
Нема дилема дека лукот е одчичен природен антибактериски и антивирусен лек. Иако на многу луѓе не им се допаѓа вкусот, тој е многу здрав, бидејќи содржи повеќе од 20 елементи со антивирусно својство и околу 40 со антибактериски својства.