Намирници кои имаат антибиотички својства, а сите ги имаме дома
Куркума
Куркумата порано се користела за лечење на сѐ – од мали сечења и гребаници, до шуга и други кожни болести. Маслото од куркума е моќен антибиотик што помага да се спречат инфекции од раните. Исто така, во Индија се користи и за козметички употреби, како на пример за чистење акни.
Ѓумбир
Дури и ѓумбирот делува како антибиотик. Се смета дека помага против Ешерихија коли и Салмонела, бактерии кои може да предизвикаат сериозни проблеми. Може да се направи чај од свеж или сув корен од ѓумбир, засладен со мед.
Зелен чај
Зелениот чај е многу популарен пијалак насекаде низ светот, а последните истражувања покажуваат дека пиењето зелен чај може да биде 3 пати поефективно од обичен антибиотик.
Масло од оригано
Создадено за бактериски инфекции, маслото од оригано се докажало дека има одлично антибиотичко дејство, бидејќи содржи 2 многу моќни состојки со антибактериски својства.
Рен
Растение чие потекло никој точно не го знае, но неговите корени и листови биле користени во медицината уште многу одамна. Лабораториските тестови на ренот покажале дека делува како антибиотик против различни бактерии и синусни инфекции.
М. М. | Црнобело