3 зеленчуци кои е подобро да ги купувате замрзнати
Еден од ретко познатите факти е дека смрзнатиот зеленчук има далеку поголема нутриционистичка вредност во однос на свежиот од причина што зеленчукот кој го замрзнуваме е берен во период кога неговата енергетска вредност била на највисоко ниво.
Сепак ова правило не важи за сите зеленчуци. Така, на пример брокулата и карфиолот ја губат нивната крцкавост за време на процесот на замрзнување. Доколку ви се наоѓа по дома замрзнат карфиол или брокула, најдобар начин да ги искористите е да ги ставите во супа.
Во продолжение прочитајте кои три намирници е подобро да ги користите замрзнати отколку свежи:
Грашок
Не постои подобар грашок од замрзнат грашок! Доколку не ни верувате проверете сами, сварете си свеж и замрзнат грашок. Замрзнатиот со гаранција секогаш ќе биде повкусен. Друга позитивна работа е тоа што вака замрзнат грашокот се подготвува за околу 30-тина секунди и лесно можете да го комбинирате како прилог со ориз или салата.
Срцевина на артичока
Свежата артичока е рачна граната за во кујна. Во суштина, најдобро е да се држите настрана од нив во целост. Отстранувањето на листовите на артичоката за да се дојде до срцевината е зафат кој може да доведе до губење на прст... или на вашите нерви. Замрзнатите артичоки ви овозможуваат да го прескокнете процесот на екстракција целосно,а притоа да останете со здрав разум.
Спанаќ
Миење, чистење, сецкање и цедење, цел еден процес за свежиот спанаќ да го претворите во вкусен оброк. Заштедете половина час од вашето драгоцено време и купете си замрзнат спанаќ. И покрај тоа што бил замрзнат, текстурата на спанаќот останува непроменета.
С. У. | Црнобело