Нов хит во здравата исхрана - Ghee путер: Како да го направите и за што е добар?
Ghee (џи) путерот е прочистен путер. Се добива преку процес на топење на обичен путер, после кој маста исчезнува, а протеините и млечните сусптанци се одвојуваат со лажица.
Ghee путерот за разлика од обичниот не се расипува и не треба да стои во фрижидер пред да се употреби.
Како да го направите?
Потребен ви е обичен, несолен путер. За првпат земете околу половина килограм. Кога ќе ја научите постапката, зголемете ја количината.
Ставете го путерот во чисто тенџере и варете на тивок оган додека целосно не се стопи (околу 10-тина минути). Варете уште 45 минути.
За тоа време на врвот и на дното ќе забележите како се појавуваат нечистотии. Оние од врвот отстранете го со лажица. Никако не ја мешајте смесата.
Нечистотиите постојано ќе се појавуваат на површината и постојано треба да ги чистите. После 45 минути изгасете ја ринглата и оставете да се олади. Кога ќе се олади, прелијте го во садот во кој планирате да го чувате, внимателно, без остатоците од дното.
Може да користите и филтер кеси за кафе, за посигурно.
Остатоците од дното и врвот фрлете ги без размислување.
Зошто овој путер е поздрав од обичниот?
Прво, почист е, второ, полесно поднесува високи температури при готвење. Не испушта слободни радикали како другите масла, кои се опасни за здравјето.
Го намалува лошиот холестерол и спречува рак, запушување на артериите и дијабетес.
Помага во регулирање на телесната тежина.
Го подобрува варењето на храната и истовремено ја штити слузницата од воспаленија.
Одлично делува на кожата, и дава сјај и ја хидрира. Исто така, може да се мачка при црвенила или лузни.
Богат е со А, Д, Е и К витамини кои имаат огромно значење за здравјето на мозокот, но и отпорноста на имунолошкиот систем.
Како да го користите?
Може да го користите како обичен путер, намаз или при готвење.
Исто така се користи и наместо балсам за тело или крема, бидејќи одлично се впива во кожата и ја храни.
Користете го во буквално што сакате, бидејќи нема негативни ефекти.
М. Д. | Црнобело