Млекото спречува дијабетес, јогуртот е сојузник за слабеење: Зошто е важно да консумирате млечни производи?
Ништо од прехранбените производи не е слично на млекото. Никогаш не е најдена соодветна замена за него и веројатно нема да се најде.
Од моментот на раѓање, млекото за нас има клучна улога во животот. Тоа е првиот пијалак кој ни овозможува правилен раст и развој.
За варењето на млекото се потребни минимални количини желудочен сок, па во тоа лежи тајната за неговата лесна сварливост.
Во составот на млекото влегуваат преку стотина материи. Неговите белковини содржат животно важни аминокиселини, млечната маст е една од најценетите, а јаглехидратите и млечните шеќери организмот целосно ги прифаќа. Ферментите од млекото го oлеснуваат варењето на храната, односно затоа се смета и за диетски производ.
Во случаи на труење со тешки метали, млекото претставува противотров.
Го намалува ризикот од појава на дијабетес, а како протеински пијалак е незаменлив во здравата спортска исхрана.
Секое утро почнато со шолја млеко ќе му овозможи на организмот посвеж старт на денот, а навечер, само една шолја млеко со лажичка мед ќе обезбеди подобар сон и одмор.
На старите лица и децата посебно им се препорачуваат млечни производи како павлака, разни видови на сирења и кашкавали, слатки на база на млеко, а вистински еликсир за младост и виталност се киселото млеко, кефирот и јогуртот.
Употребата на млекото и млечните производи во текот на бременоста исто така позитивно влијае на растот и развојот на фетусот, а истражувањата покажуваат и дека ја намалуваат појавата на кариес, астма, егземи и алергии.
Важно е сите трудници да внесуваат најмалку 4 порции млеко или млечни производи, односно 1 порција значи 1 шолја пијалак или 50g сирење, кашкавал, павлака.
Во земјите со висока стапка на долговечност луѓето ги вбројуваат киселото млеко и јогуртот, заедно со лукот и минималните количини на црно вино, како намирници кои се заслужни за долговечноста.
Киселомлечните производи се препорачуваат за општа исцрпеност, анемија, за болести на црниот дроб, бубрезите, срцето, како и како помош за чир на желудникот и гастритис.
Во случаи на вирусни инфекции, кои за жал се сè почести, јогуртот се покажал како корисен лек и сојузник. Бројни истражувања покажуваат дека тој создава неповолна средина за развој на вируси и дека го зајакнува имунитетот на организмот.
Редовното консумирање на јогурт помага да се одржи и здравјето на непцата и останати дентални болести.
Луѓето кои редовно консумираат јогурт повеќепати во денот се повитки во однос на оние кои го избегнуваат.
Кефир - уште еден млечен производ чија актуелност трае долго и тоа со одлична причина.
Делотворен е во лечење на желудочни и цревни мачнини, воспаление на цревата, бубрежни болести, а без проблем може да се консумира во големи количини. Тој е извонредно хранливо и лековито средство за децата кои се мачат со лошо варење на храната или лоша столица, бидејќи ја подобрува општата состојба на организмот.
Листата за позитивни својства речиси и да нема крај, па затоа не барајте изговори, туку од денес започнете со редовно консумирање на млечни производи.