Добрите и лошите страни кога си носите ручек на работното место

Траумите од детството кога ни пакуваа ручек за на училиште од дома кога ние сакавме да си купиме готов сендвич ни се веќе надминати. Се чини дека нема ништо подобро од домашно подготвен оброк кој ќе си го изедете додека сте на работа.

dobrite-i-losite-strani-koga-si-nosite-rucek-na-rabotnoto-mesto-001.jpeg

Но, како и секоја работа во животот и оваа има позитивни и неколку негативни страни.

Позитивно: Штедите пари

Додека ги набавувате намирниците чувствувате дека сте потрошиле мало богатство. Но, неспоредливо е со фактот колку пари трошите на јадење кога јадете надвор за време на паузата. Салатата која ја плаќате мало богатство, може лесно да ја приготвите и дома.

Позитивно: Станувате креативни

Во ресторан сигурно не би ви текнало да нарачате солен мафин или варено просо или киноа со кисело млеко. Но, кога си готвите јадења дома за на работа неминовно станувате покреативни во готвењето. Истражувате нови рецепти, а самиот чин на подготовка на храна делува некако терапевтски.

Негативно: Се врзувате за бирото

Кога носите ручек од дома тоа најчесто значи дека немате потреба да излезете надвор на пауза. Па така, работите на бирото, продолжувате да јадете на бирото, а најчесто ги правите двете истовреме – јадете и работите, што е погубно од повеќе аспекти.

Обидете се да го изедете ручекот некаде надвор или доколку има можности во заедничка просторија. Како и да е – подалеку од компјутерот.

Позитивно: Се чувствувате енергично

Имате повеќе енергија и чувствувате како ја држите контролата во свои раце, како за тежината така и за здравјето. Можноста да се прави нешто добро за себе секој ден влева оптимизам и позитивни мисли.

Негативно: Недруштвени сте

Веќе го споменавме ова, доколку останете врзани за бирото и таму го јадете својот ручек, тоа значи дека најчесто го јадете сами. Да се јаде сам не секогаш е уживање. Пронајдете баланс во животот, одвојте барем еден ден во неделата кога ќе излезете на пауза и ќе се почестите со ручек, ужина или кафе надвор, а останатите 4 денови продолжете со домашно подготвените оброци.

Или едноставно најдете друштво и за ваквиот тип на оброк. Не е премногу тешко.


Во секој случај, носењето домашно подготвена храна на работа има далеку попозитивни отколку негативни страни и секој кој ја практикува оваа навика може да го потврди тоа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg