Маснотијата од храната се вади со мраз: Скапоцени трикови за готвење, кои малкумина ги знаат
Сите кои сакаат да готват и уживаат во подготвувањето на вкусни оброци, знаат од колкаво значење се малите трикови кои го прават вкусот трипати подобар.
Затоа, ви откриваме неколку скапоцени трикови кои малкумина ги знаат и споделуваат:
1. Како најлесно се вадат семките од зеленчуците?
Ако сакате да исчистите тиквички или краставица, користете мала лажичка за сладолед.
2. Како да ја отстраните маснотијата од готвената храна?
Ако направите ручек со повеќе маснотии од посакуваното, многу лесно може да ги отстраните со коцки мраз. Завиткајте неколку коцки во мека крпа и поминете по површината на јадењето. Ова е најделотворно кај течни ручеци и манџи.
3. Како фолијата да не ви се витка?
Само ставете ја во фрижидер пред да ја искинете. Ова доведува до помало несакано превиткување.
4. Како да ги излупите цитрусните овошја полесно?
Само ставете ги 20 секунди во микробранова, да се стоплат.
5. Како да го извлечете максимумот од портокалите и лимоните за сок?
Спротивна постапка од претходната - ставете ги во фрижидер добро да се оладат, па дури тогаш ставете ги во микробранова 15-20 секунди.
6. Како ренданиот кашкавал да направи помалку неред?
Ставете го во замрзнувач половина час пред да го рендате.
7. Како да сечете кромид без солзи?
Ставете го во замрзнувач половина час, па потоа сечете.
8. Како да испечете цело пиле?
Свртете го на градите, бидејќи таму има најмногу месо, па логично тој дел треба да биде најблиску до изворот на топлина.
9. Што ако немате модли за мафини?
Искористете превиткана мрсна хартија поставена во калапите.
10. Како да ја топлите печената храна?
Во микробрановата задолжително ставете чаша со вода за да не се исуши дополнително.
11. Како да направите специјалитет од пржените јајца?
Искршете ги јајцата во тава, но наместо да ставите масло, ставете вода и потоа тавчето ставете го на рингла. Како резултат, ќе добиете пржени јајца со кремаста жолчка.
М. Д. | Црнобело