Што јаде Кристи Бринкли за на 63 години да изгледа како да има 23?
И покрај фактот што таа има 63 години, кога би ги погледнале нејзините слики би помислиле таа има 23.
Оваа холивудска убавица е една од ретките која може да се пофали со неверојатно тело кое изгледа подеднакво убаво како и кога за прв пат се појави на телевизиските екрани.
Па во што е нејзината тајна?
1. Се откажала од диетите уште пред многу години
Во животот испробав некои доста чудни диети... од овошни диети до јадење само еден вид храна. Сепак, единственото нешто кое навистина трае е добро балансираната храна.
2. Го започнува денот со топла вода и лимон
Секое утро во водата додава малку манука мед и црвен пипер и сок од цеден лимон пред воопшто да помисли да се напие кафе.
3. Нејзиниот појадок е навистина обилен
Нејзиниот појадок се состои од овчи јогурт со капини, боровинки малини, папаја, чиа семе, овес и ореви. А, доколку сака повеќе протеини прави омлет од белки од јајце со санаќ и печурки.
4. Таа е вегетаријанец
Но, како што таа вели, e флексибилен вегетаријанец. „Бидејќи постои Италија со моцарела и паста, потоа Франција со прекрасните сендвичи со сирење.“ Но, не пробала месо уште од кога имала 12 години.
5. Има лесен ручек, кој го надополнува со закуски
Нејзиниот ручек се состои од салата. Потоа, во попладневните часови е време за нејзиниот свеж џус од кељ, сок од лимета, сок од портокал и авокадо и закуска од семе од тиква измешано со хималајска сол, ореви, бразилски ореви, сончоглед и суво грозје.
6. Нејзината вечера е секогаш колоритна
„Моето омилено јадење е кафеав ориз со леќа, печена црвена и зелена пиперка, анасон, сладок компир и салата. Сакам мојата вечера да има колку што може повеќе бои. А и една чаша црвено вино одлично ја надополнува вечерата, бидејќи не му штети на моето спиење.“
М. С. | Црнобело