Од кои намирници ни се приспива после јадење и зошто?

Многу од нас веднаш после јадењето, посебно кога станува збор за обилен оброк, мораат да дремнат.

zoshto-ni-se-prispiva-posle-jadenje-01_2.jpg

Зошто е тоа така?

Одреден тип на производи заради хемискиот состав и начинот на кој се преработуваат супстанците во организмот, нè тераат на спиење.

Еве кои производи:

Млечни производи

Триптофанот и Калциумот се тие кои нè тераат да спиеме, бидејќи директно се метаболираат од мозокот и прават да бидеме релаксирани. Плус, ако млечните производи ги јадеме во комбинација со јаглехидрати, како крекери или шпагети, се изразува ефектот на триптофанот.

zoshto-ni-se-prispiva-posle-jadenje-1.jpg

Бадеми

Бадемите исто така, содржат триптофан – амино киселина која предизвикува лачење на мелатонин, хормон на сонот. Дополнително, бадемите содржат и магнезиум кој нè релаксира.

zoshto-ni-se-prispiva-posle-jadenje-2.jpg

Банани

Шеќерот кој го има во бананите, заради триптофанот побргу станува достапен на мозокот и се троши. А, тоа, во комбинација со високите количини на калиум и магнезиум кои ги има во бананите, прави да бидеме поспани.

zoshto-ni-se-prispiva-posle-jadenje-3_copy.jpg

Ореви

Оревите содржат помали количини на триптофан од бадемите, ама тие веќе имаат мелатонин кој нè тера да спиеме.

zoshto-ni-se-prispiva-posle-jadenje-4.jpg

Цреши

Црешите ги покачуваат нивоата на мелатонин во крвта, посебно кога ги пиеме како сок.

zoshto-ni-se-prispiva-posle-jadenje-5_copy.jpg

Чај од камилица

Цветот од камилица содржи глицин, материја која има благо седативно дејство, ги релаксира мускулите и нервниот систем, а со тоа и нè прави поспани.

zoshto-ni-se-prispiva-posle-jadenje-6_copy.jpg

Семки од тиква

Покрај триптофанот, семките од тиква содржат и големи количини на цинк и магнезиум кои ги релаксираат мускулите и нервниот систем, па може да ви се приспие.

zoshto-ni-se-prispiva-posle-jadenje-7.jpg

Бел ориз

Белиот ориз има висок гликемичен индекс, што значи после него може да почувствувате потреба за спиење после 3 до 4 часа од консумирањето.

zoshto-ni-se-prispiva-posle-jadenje-8.jpg

Масна риба

Масната риба како што е лососот предизвикува поголемо лачење на мелатонин заради кој побрзо ни се приспива. Плус, дополнително ги намалува хормоните на стрес и прави да бидеме релаксирани.

zoshto-ni-se-prispiva-posle-jadenje-9.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Што претставува лунарната диета и кога да ја држите во 2024-та? Лунарната диета претставува постење во зависност од месечевите фази. Односно ког...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg