11 кулинарски грешки заради кои рецептите не ви се вкусни

Секој од нас, без оглед на тоа колку добро знае да готви, прави по некоја грешка.

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-01.jpg

Колку пати досега сте прочитале совршено сочен рецепт и сте виделе фантастична слика од истиот, но кога вие го правите, едноставно не излегува така?

Веројатно правите нешто погрешно, како на пример:

1. Ги миете тестенините со вода

Ако ги измиете тестенините по варењето, на тој начин правите сосовите да се лизгаат по нив, наместо да се соединат. Напротив, користете ја водата во која сте ги вареле, за сосовите да бидат посочни и кремасти.

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-1.jpg

2. Ги варите доматите заедно со други зеленчуци

Доматите испуштаат киселина која го забавува варењето на останатите зеленчуци како компирите и морковите, па на крајот ќе добиете нееднакво сварена манџа.

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-2.jpg

3. Ставате сол на почетокот од рецептот

Така го зголемувате ризикот да го пресолите јадењето. Солта секогаш ставајте ја на крај, кога јадењето е топло и инстантно ќе се растопи.

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-3.jpg

4. Користите блендер за пире

Блендерот е добра помош, но не и кога треба да направите пире. Ако сакате домашно кремасто пире, ќе мора да ги изгмечите компирите со вилушка.

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-4.jpg

5. Користите премногу или премалку зачини

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-5.jpg

6. Претерувате со зајрето на пицата

Па, наместо да добиете крцкаво тесто со неколку додатоци, големи се шансите да добиете кашесто тесто со неубава мешавина од вкусови и ароми. Задржете се до рецептот.

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-6.jpg

7. Ги варите тестенините во премалку вода

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-7.jpg

8. Кромидот го сечкате претходно

Кромидот многу лесно може да се исуши и да добие застојана арома. Затоа, секогаш сечкајте го во моментот кога ви треба.

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-8.jpg

9. Компирите ги печете веднаш по сечењето

Обратно од кромидот, компирите мора да отстојат неколку часа во ладна вода, за скробот да се измие и да може да бидат крцкави кога ќе се испечат.

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-9.jpg

10. Претерувате со варењето на зеленчукот

Така ризикувате да се распадне, посебно ако се работи за брокула или спанаќ. Краткотрајното спуштање во зовриена вода, од 2 до 5 минути, е идеално. Плус, ја минимизирате загубата на витамини.

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-10.jpg

11. Не додавате шеќер во солените рецепти

Ако во рецептот има пишано дека треба да додадете малку шеќер - не бидете скептични. Малку шеќер може сериозно да го подобри вкусот.

11-kulinarski-greski-zaradi-koi-receptite-ne-vi-se-vkusni-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg