6 грешки кои ги правиме со виното: Чашата се држи за дршката, во зима се пие и бело вино
Вистинските познавачи на виното сигурно се добро запознаени со тајните при консумирањето на божествениот пијалак.
Ако не сте меѓу најголемите приврзаници на овој пијалак, но сепак сакате да се напиете по некоја чашка, ова се работите кои треба да ги знаете, кога се виното и манирите во прашање:
1. Избегнуваме бело вино во зима
Повеќето луѓе мислат дека белото вино и розето се пијат во топли денови, а црвеното - во есен и зима. Вистината е дека нема таква законитости и ништо не бара поделба на вината според овој принцип. Затоа, какво вино и да ви се пие, само нарачајте и уживајте во неговиот вкус, без оглед на годишното време.
2. Сервираме вино со неправилна температура
Прифатено е дека црвено вино треба да се служи на собна температура, а белото мора да биде изладено, но не премногу. Ако го чувате црвеното вино во фрижидер или ладна просторија, убаво е да го оставите околу 30 минути да се загрее и тогаш да го консумирате. Белото вино пак може да ја изгуби аромата, ако е оставено да замрзне или ако ја наполните до горе чашата со мраз и лимон, со што сосема ќе го уништите спојот на вкусови.
3. Не оставаме виното да отстои пред консумирање
Убаво е штом го отворите шишето да оставите во него да навлезе воздух со што ќе се стимулира откривањето на богатиот вкус и арома.
4. Неправилно ја држиме чашата
Најдобар начин за држење на чашата е држење за дршката со помош на палецот и показалецот. На овој начин топлината од раката не допира до горниот дел од чашата и виното останува со соодветна температура подолго време.
5. Консумираме црвено вино со месо, а бело - со риба
Во тоа нема ништо лошо, но понекогаш може да пробаме и нешто различно. На пример чадениот лосос или туната одлично се комбинираат со црвено вино, а пилешкото месо оди и со чаша бело вино.
6. Не сме навикнати да побараме совет
Дури и ако сте познавач на виното и знаете да правите разлика меѓу различните сорти грозје, некогаш прашајте или побарајте совет за тоа што да дегустирате. Не знаете какви новитети може да откриете.
М. С. | Црнобело