Мирисот од лук се отстранува со челик: 15 тајни на готвењето од нашите баби
Како да се ослободите од непријатниот мирис од лукот на прстите, колку точно треба да ги варите тестенините, како да направите совршено пире?
Овие тајни, па и уште неколку други, ќе ви го олеснат готвењето и ќе ве направат мајстор во кујната:
1. Тестенините гответе ги минута или две помалку отколку што пишува на пакувањето, бидејќи кога ќе ги додадете топлите сосови тестенините дополнително ќе омекнат.
2. За да се ослободите од мирисот на лук, рацете тријте ги под млаз вода со лажица од не’рѓосувачки челик.
3. Кога пржите во многу масло, храната која ја ставате во малото, неколку минути држете ја на работ, пред да ја спуштите во тавата. На тој начин ќе се запече и нема да се лепи на дното на тавата и од другата храна.
4. За подобри резултати при печењето на колачите, јајцата и маслото некое време оставете ги на собна температура (околу половина час до цел еден час).
5. Свежината на босилекот можете да ја продолжите доколку го ставите во шолја со вода и го чувате на собна температура.
6. За карфиолот да ја задржи белата боја, во водата додадете малку млеко и сол.
7. Кога готвите пире од компири, откако ќе ги процедите варените компири од водата, вратете ги внатре во лонецот тргнат настрана од врелата рингла и дозволете да се исуши на собна температура уште некоја минута. Така пирето ќе има поубава текстура.
8. За да го ублажите вкусот на аспарагусот, излупете го и ставете го во мешавина од еднаква количина на сол и шеќер. После 10 минути измијте го со вода и подгответе го по желба.
9. За да добиете повеќе сок од лимоните, цитроните и портокалите, пред да ги ставите на цедалка, вртете ги со рацете по тврда подлога за да омекнат.
10. За да направите совршена супа од зеленчук, наместо состојките веднаш да ги ставите во вода, морковите, лукот и магдоносот прво динстајте ги на масло или путер за да го засилите вкусот.
11. Свежината на зеленчукот можете да ја продолжите доколку го замотате во влажна хартија и го чувате во пластична кутија. Така може да трае и до четири дена подолго.
12. Како да знаете дека маслото е доволно загреано без да ставите храна и да чекате да почне да се крчка? Ставете дрвена лажица во маслото. Ако почнат да се прават меури околу неа, маслото е доволно загреано.
13. Интегралниот ориз се готви далеку подолго од белиот, некои типови се готват дури 45 минути. Побрзо ќе го зготвите, ако преку ноќ го ставите во вода.
14. Ако храната го впие целото масло, додадете уште малку од страна и промешајте ја тавата за рамномерно да се распространи насекаде.
15. Пред да почнете да го сечкате зеленчукот, на даската ставете малку сол за полесно, без лизгање да сечете.
Уште нешто... Додека готвите, рецептите не треба да ви бидат „свето писмо“. Релаксирајте се и експериментирајте, а состојките обидете се да ги менувате. На пример, ако не сакате оригано, можете да го замените со друг зачин.
Н. Г. | Црнобело