7 намирници за кои сигурно не сте знаеле дека можете да ги замрзнете

Колку пати ви се случило да фрлате храна бидејќи по само неколку дена веќе не може да се јаде?

7-namirnici-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-mozete-da-gi-zamrznete-00

Замрзнувањето е одличен начин да ја чувате храната и да ја користите секогаш кога ви е потребна, но проблемот е што не сите намирници може да се замрзнат.

Сепак постојат и такви за кои сигурно не сте знаеле дека можете да ги замрзнете и да ги користите многу подолго. Меѓу нив се и следниве:

1. Белка од јајце

Замрзнете ги во калап за коцки мраз и ставете ги во замрзнувач. За да ги користите извадете ги навечер и оставете ги во фрижидер преку ноќ. Следното утро ќе бидат подготвени за употреба.

Рок на употреба: 6 месеци

7-namirnici-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-mozete-da-gi-zamrznete-01

2. Млеко

Проверете го датумот пред да го замрзнете и запишете го датумот на замрзнување. Замрзнете го во погоден сад каде ќе има простор бидејќи ќе дојде до ширење на замрзнатото млеко. Колку е помала масленоста на млекото, толку подобро замрзнува.

Рок на употреба: 3 месеци

3. Путер и маргарин

Едноставно ставете ги во замрзнувач и одмрзнете ги кога и да ви притребаат.

Рок на употреба: 3 месеци

4. Банани

Исечкајте ги на парчиња и замрзнете ги. Кога ви е потребно извадете неколку парчиња, ставете ги во блендер и направете смути без воопшто да ги одмрзнувате.

Рок на употреба: 3 месеци

7-namirnici-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-mozete-da-gi-zamrznete-04

5. Сечкан кромид

Ако ви е потребен само половина кромид, остатокот исечкајте го и ставете го во кесичка и во замрзнувач. Исто така важно е да не го замрзнувате во топка туку распоредете го низ кесата. Како и бананите, и тој може да се користи без одмрзнување.

Рок на употреба: 3 месеци

7-namirnici-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-mozete-da-gi-zamrznete-02

6. Песто

Без оглед дали е домашно или купено, ставете го кеса за замрзнување и убаво распоредете го. Или ставете го во празен калап за коцки мраз за полесно вадење. Секоја коцка содржи околу 1 лажица песто, па така ќе знаете колку ви е потребно.  

Рок на употреба: 3 месеци

7. Вино

Во калап за мраз замрзнете го виното кое ви останало недопиено. Кога ќе ви притреба, искористете го за готвење.

Рок на употреба: 6 месеци

7-namirnici-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-mozete-da-gi-zamrznete-03

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg