20 начини како да се храните барем малку поздраво во 2017-та
-->
Сè уште сме на почетокот од новата 2017-та година, а тоа значи дека е вистинско време да почнете со остварување на резолуциите кои си ги зададовте во минатата 2016-та година.
Ако една од тие резолуции ви беше да јадете поздраво, можете да почнете со замена на одредени високо калорични намирници со други, поздрави и помалку калорични производи.
-->
На пример:
1. Враповите, тортиљата и лебот заменете ги со листови од зелка или зелена салата.
2. Мајонезот заменете го со паста од авокадо.
3. Зејтинот додека печете заменете го со обичен јогурт.
-->
-->
4. Оризот заменете го со карфиол.
-->
5. Ако ви се јаде пица, тестото направете го од карфиол наместо брашно, а можете и да додадете поздрави намирници одозгора.
6. А, бидејќи карфиолот е еден од оние зеленчуци кои можете да ги мешате практично со сè, истите можат да бидат одлична замена за компирите во салатата од компир.
-->
7. Па и за да направите пире.
8. Слатките засладувајте ги со урми наместо шеќер.
9. Палачинките јадете ги со овошен компот наместо сируп.
10. Употребете печурки наместо леб за сендвичи.
11. Заменете ја пастата во лазањата со модар патлиџан.
12. Заборавете на пржениот помфрит, истиот заменете го со тиквички.
13. Употребете пире од јаболка наместо шеќер кога готвите.
14. Печените компири можете да ги замените со печени брокули.
15. Павлаката заменете ја со кисело млеко.
16. Користете брашно од цели зрна наместо обично бело брашно.
17. Палачинките од брашно заменете ги со палачинки од банана.
18. Пастата заменете ја со тиквички кои изгледаат како паста.
19. Или истата можете да ја замените и со тиква.
20. Избегнувајте млеко и наместо со него направете си сладолед од пасирани банани и путер од кикирики.
Би можело да ве интересира:
6 правила што треба да ги следите за да ослабите без строги диети и напорни тренинзи
Почесто гответе наместо да нарачувате храна и движете се секогаш кога имате можн...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории)
Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)?
Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)?
Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето?
Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија)
Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...