Што сè јаде Кејт Мидлтон во еден ден?

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, знае како да се исхранува и да изгледа одлично и фит.

shto-se-jade-kejt-midlton-vo-eden-den-01.jpg

Па, како изгледа еден нејзин ден низ храна?

Таа обожава кари

Според Керолин Роб, главниот готвач на кралското семејство, принцот Вилијам и Кејт обожаваат да јадат заедно со целото семејство во кујната или трпезаријата, како и секое друго семејство.

Војвотката понекогаш и самата готви, најчесто со кари сос и ужива сама да ги служи своите гости. А, принцот Вилијам, речиси секогаш се шегува на нејзина сметка, тврдејќи дека причината поради која е слаб, е нејзиното готвење.

shto-se-jade-kejt-midlton-vo-eden-den-1.jpg

Се држи до стриктна диета

Пред нејзината свадба, имаше шпекулации дека војвотката се држи со Дукановата диета, која се состои од консумирање на многу протеини, а малку јаглехидрати. Ова е диета која и Џенифер Лопез и Жизел Бундшен ја употребиле за да ослабат после бременоста.

shto-se-jade-kejt-midlton-vo-eden-den-2.jpg

Таа не бега од слатките за време на празниците

Кога Кејт и Вилијам заедно со децата одат да го прослават Божиќ во дворецот во Сандрингам, не бегаат од секакви задоволства.

Прво ги очекува обилен појадок, потоа за ручек јадат салата со јастог, полнета печена мисирка и разно разни сосови заедно со печен зеленчук. За вечера ги чека печено ребро со уште 15 до 20 разни јадења.

shto-se-jade-kejt-midlton-vo-eden-den-3.jpg

Се борела против одбивноста да јаде

За време на бременоста со принцот Џорџ таа одбивала да јаде, па морала да оди на хипнотерапија за да си го зголеми апетитот. Здравите оброци кои се состоеле од авокадо, шумско овошје и овесна каша ѝ помогнале да ја добие потребната тежина за здрава бременост.

shto-se-jade-kejt-midlton-vo-eden-den-4.jpg

Не се плаши да експериментира со храната

За време на турнејата низ Канада, таа проба сос од мисо и сенф, прилично необична комбинација.

shto-se-jade-kejt-midlton-vo-eden-den-5.jpg

Остава простор и за десерт

На семејните собири секогаш се служат десерти како овошна торта и пудинг од тофи - еден од омилените десерти на принцовите Хари и Вилијам, а Мидлтон никогаш не избегнува да проба од овие оброци.

shto-se-jade-kejt-midlton-vo-eden-den-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg