Прва помош после Нова година: Храна која го олеснува мамурлакот
Следното утро после ноќта кога најмногу се релаксираме, развеселуваме, кога често се прејадуваме и препиваме, следи мамурлакот.
Вообичаено, тој ден заради силната главоболка посегнуваме по апчињата.
Но, наместо тоа, добро е да се излечиме со храна и пијалаци.
Еве што може да ви помогне со мамурлакот:
1. Кафе
Кафето секогаш е единствената работа која може да ви помогне да се расоните и да станете од кревет, па и малку да подзаборавите на главоболката.
2. Смути
Потоа следат течностите кои ќе ви помогнат против силната дехидрираност на организмот. Најдобро е да комбинирате разни овошја и никако да не ја изоставите бананата, бидејќи таа изобилува со калиум (кој ќе ви помогне да се ослободите од главоболката).
3. Бургери
Не мора веднаш да брзате до најблиската сендвичарница, но мастите од оваа брза храна можат да ви помогнат да го апсорбираат преостанатиот алкохол во крвта.
4. „Bloody Mary“
Не ве охрабруваме да продолжите со алкохолот, но ако сте дел од оние кои веруваат дека „клинот со клин се лекува“, тогаш овој коктел ви е најдобра опција. Добро е да го испиете и само џусот од домати, бидејќи тој ќе ве освежи и ќе ве хидрира.
5. Јајца
Јајцата содржат многу протеини и аминокиселини кои ќе ви помогнат да се елиминира алкохолот од крвта и ќе ви го заштитат црниот дроб од штетното влијание на алкохолот.
6. Авокадо
Авокадото го враќа балансот на калиум, обезбедува ментална јасност, го снабдува мозокот со кислород и ги елиминира токсините, па заради тоа и ќе се чувствувате далеку подобро.
7. Џус од зелен зеленчук и овошје
Зелените овошја и зеленчук ќе ви помогнат да се хидрирате и наполните со витамини и минерали кои брзо ќе ја намалат количината на алкохол во крвта.
8. Пилешка супа
Класична прва помош против мамурлакот заради која ќе си го регенерирате црниот дроб.
9. Лосос
Лососот содржи есенцијални омега 3 масти и витамини од кои брзо ќе ви помине главоболката, ќе се расположите и нема да бидете нервозни.
Н. Г. | Црнобело