5 природни зачини кои ќе ве згреат оваа зима
Зачините се додатоци во исхраната кои не препознаваат датуми во календарот, но овие 5 се особено полезни за консумирање во зимската сезона.
Нивната основна заедничка карактеристика е силната арома и специфичниот вкус кој ќе ја исполни целиот простор каде што готвите. Воедно, ја подобруваат циркулацијата на телото загревајќи го, па може да заборавите на студот.
Печена тиква со цимет, варено вино со каранфилче, колачиња со кардамом... опциите за употреба се многубројни, а еве зоштo покрај интензивниот вкус, овие 5 зачини се особено добри за вас:
Каранфилче
Одлично за забоболка. Ставете го на воспаленото место и ќе почувствувате инстантно олеснување и намалување на болката. Воедно, одлично се бори и против лошиот непријатен здив.
Ги ублажува проблемите со варењето на храната. Ја подобрува работата на желудникот, а доколку чувствувате гасови, мачнина и нагон на повраќање, задолжително вклучете неколку каранфилчиња во исхраната. Се одликува со противвоспалитени својства, па одлично лекува инфекции.
Кардамом
Одличен прочистувач на организмот, особено на бубрезите од уреа и наталожен калиум. Слично како и каранфилчето, и кардамомот го поттикнува метаболизмот и ја ублажува подуеноста на стомакот. Поттикнувајќи ја циркулацијата во белите дробови, се покажало како солиден сојузник во борбата со астма и бронхитис.
Ги ублажува нуспојавите од хемотерапијата и ослободува од стрес и депресија. Столчете го зачинот и сварете го во вода како чај. Веднаш ќе почувствувате опуштање на напнатоста.
Црн пипер
Секојдневниот додаток во нашите омилени јадења, салати чорби, па дури и десерти. Освен што претставува и природен конзерванс на храната, богат е со железо, манган, калиум и витамин Ц. Успешно лекува запек, настинки, лошо варење на храната и анемија.
Доколку имате проблем со сексуалното либидо, зачинете ја храната со малку повеќе црн пипер и подгответе се за жешка ноќ.
Кумин
Одличен извор на железо, кој ја подобрува крвната слика. Дава енергија и го зголемува имунитетот, особено во зима кога царуваат настинките. Куминот го помага лошото варење на храната, а делува и против дијареја и гадење.
Го ублажува или целосно го спречува активирањето на бактеријата хеликобактер пилори. Кога менструацијата доцни и чувствувате предменструални тегоби, обидете се да внесете кумин во исхраната за регулирање на циклусот и олеснување на напнатоста и крварењето.
Цимет
Многупати сме зборувале за придобивките на циметот. Но, тој е многу повеќе од егзотична арома и карактеристичен вкус. Ја поттикнува и стимулира работата на мозокот, а особено е делотворен во природно снижување на шеќерот во крвта и лошиот холестерол.
Погоден е за диети, бидејќи го контролира и намалува апетитот. Ја зголемува енергијата, го лекува лошиот здив, и воедно е одличен за пилинг на грубите делови на кожата и намалување на целулитот.
(О)Милена | Црнобело