Замрзнете го млекото, превртете ги павлаките: Трикови со кои храната подолго останува свежа

Секој од нас сака да го извлече максимумот од храната. Ова се однесува и на здравите и хранливи вредности, но и на рокот на траење.

zamrznete-go-mlekoto-prevrtete-gi-pavlakite-trikovi-so-koi-hranata-podolgo-ostanuva-sveza-1.jpg

За подолго да останат „како нови“, практикувајте ги овие трикови за чување на храната:

1. Замрзнете го млекото ако сакате да издржи неколку недели плус

Само важно е да оставите простор во шишето или пакувањето (да не биде полно до врв), бидејќи течноста ќе се рашири кога ќе се замрзне.

zamrznete-go-mlekoto-prevrtete-gi-pavlakite-trikovi-so-koi-hranata-podolgo-ostanuva-sveza-2.jpg

2. Замрзнете ги јајцата во модли за мраз

Може да додадете неколку зрна сол или шеќер да им ја сочувате текстурата.

zamrznete-go-mlekoto-prevrtete-gi-pavlakite-trikovi-so-koi-hranata-podolgo-ostanuva-sveza-3.jpg

3. Чувајте ги сосовите во вакумирани кеси

И замрзнете ги, меѓутоа претходно поделете ги во порции, односно во правоаголничиња како на сликата.

zamrznete-go-mlekoto-prevrtete-gi-pavlakite-trikovi-so-koi-hranata-podolgo-ostanuva-sveza-4.jpg

4. Марулата останува подолго свежа ако ја замотате во хартија

zamrznete-go-mlekoto-prevrtete-gi-pavlakite-trikovi-so-koi-hranata-podolgo-ostanuva-sveza-5.jpg

5. Јаболката ќе издржат подолго ако ги чувате во фрижидер.

Ако ги замотате во хартија, тоа е дополнителна превенција против расипување на секој плод поединечно.

zamrznete-go-mlekoto-prevrtete-gi-pavlakite-trikovi-so-koi-hranata-podolgo-ostanuva-sveza-6.jpg

6. Морковите чувајте ги во ориз или песок

На овој начин спречувате влажноста да го оштети плодот.

zamrznete-go-mlekoto-prevrtete-gi-pavlakite-trikovi-so-koi-hranata-podolgo-ostanuva-sveza-7.jpg

7. Павлаките спакувани во пластични, превртете ги наопаку

Вака ќе издржат двојно подолго свежи. Секако, треба да се добро вакумирани и неотворени.

zamrznete-go-mlekoto-prevrtete-gi-pavlakite-trikovi-so-koi-hranata-podolgo-ostanuva-sveza-8.jpg

8. Младиот кромид и лук ќе издржи подолго ако го ставите во чаша со вода

zamrznete-go-mlekoto-prevrtete-gi-pavlakite-trikovi-so-koi-hranata-podolgo-ostanuva-sveza-9.jpg

9. Свежите зачини и салати најдобро се чуваат во тегла

zamrznete-go-mlekoto-prevrtete-gi-pavlakite-trikovi-so-koi-hranata-podolgo-ostanuva-sveza-10.jpg

10. Медот е најдобро да се чува во стаклена тегла

Никогаш не го чувајте во метални садови и не црпете со метални лажички. Користете стаклени тегли и дрвени лажици.

zamrznete-go-mlekoto-prevrtete-gi-pavlakite-trikovi-so-koi-hranata-podolgo-ostanuva-sveza-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
11 трикови со кои овошјето и зеленчукот ќе ви останат свежи подолго време Бананите ви скапуваат, компирот 'рти, морковите ви се сушат... Што треба да напр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg