3 трикови како да го прелажете желудникот за да се чувствувате најадени
Како што се менува температурата надвор, така се менува и нашиот апетит. Во зима често имаме навика да се прејадеме или во најмала рака, да јадеме многу нездрава, високо калорична храна.
Но, како можете да го избегнете тоа?
На 3 начини:
Јадете прво салата
Изедете цела една чинија свежа салата, а потоа размислувајте да се полните со мрсна храна, месо, тестенини, кифли...
Уживајте во секој залак
Колку повеќе уживате, толку побавно ќе јадете, а тоа значи дека мозокот ќе има доволно време да забележи кога сте полни и е време да престанете со јадење.
Поделете ја храната со пријателите
Наместо да изедете цел сендвич со полнето пилешко, компирчиња... поделете го со пријателот/ката. Така ќе изедете помала количина нездрава храна и сигурно повторно, ќе се чувствувате најадени.
Н. Г. | Црнобело