5 производи кои се одлични за зависниците од благо, а не дебелеат
За оние кои се зависни од благото, ама не сакаат да се здебелат, постојат поздрави замени кои содржат помалку калории, а се подеднакво вкусни како омилените слатки.
Следниве замени се мерени на 100g:
Шеќер наспроти јаворов сируп
Јаворовиот сируп е добра замена во сите рецепти каде треба да употребите шеќер.
Обично брашно наспроти брашно од непроцесирано жито
Всушност, обичното бело брашно може да се замени со било кој друг тип на брашно.
Слатка павлака наспроти рикота
Рикотата исто така може да се употреби при правење на десертите, да биде вкусна и далеку помалку калорична од обичниот шлаг од слатка павлака.
Какао наспроти рогач
Правот од рогачот има сличен вкус на какаото, само малку поблаг и поздрав.
Сладолед наспроти сорбет од банани
Сорбетот од банани не само што содржи помалку калории, туку е и далеку поздрав од било кој друг сладолед.
Н. Г. | Црнобело