Какви беа резултатите откако вклучив чиа семки во исхраната?
Последниве неколку години чиа семките се предмет на истражување и испробување од голем број луѓе кои се борат за здрав начин на живот и исхрана.
Чиа семките се познати по тоа што не содржат глутен, а се богати со Омега 3 масни киселини, влакна и антиоксиданси.
Покрај тоа, чиа семките имаат:
- 5 пати повеќе калциум од млекото
- 3 пати повеќе антиоксиданси од боровинките
- 3 пати повеќе железо отколку спанаќот
- 2 пати повеќе влакна отколку овесната каша
- 2 пати повеќе протеини отколку било кој зеленчук
- 2 пати повеќе калиум од бананите
Една жена која ги вметнала во секојдневната исхрана, ги раскажува промените кои биле воочливи:
1. За чудо, имаат добар вкус
Ако не сте ги пробале до сега, вреди да знаете дека имаат вкус како јаткаст плод, па може да ги комбинирате и во благи торти и во солени салати.
2. Телото ми се наполни со енергија
Ова е првата промена која ја забележав по само неколку дена. Бидејќи содржи 2 пати повеќе калиум од бананите, идеално ви ги полни батериите.
3. Полесно помнам и сум попродуктивна
Кога почнав да ги консумирам чиа семките, се чувствував будно и свесно. Не ми се случило главата да ми биде во забуна. Благодарение на Омега 3 масните киселини, чиа семките ви ја подобруваат меморијата.
4. Кожата ми стана помазна
Ја чувствував дека е хидрирана и изгледаше помазно и помеко.
5. Изгубив килограми без да сфатам дека апетитот ми се намалил
Чиа семките се одличен извор на влакна и ве држат сити подолго време. Благодарение на нив, не забележав дека јадам двојно помалку, а со тоа дека и килограмите се намалуваат.
6. Мастите од телото исчезнаа
Сега слободно можам да го тонирам телото без да се грижам за масните наслаги, бидејќи тие многу полесно се топат откако ги вметнав чиа семките во исхраната.
7. Телото ми се исчисти од отрови
Благодарение на влакната, мојата цревна флора е нормализирана, а токсините се елиминирани.
М. Д. | Црнобело