3 трикови за совршено меки крофни
Крофните се супер зимски десерт, појадок или ужинка. Но, како да бидат меки, не премногу масни, а однадвор крцкави?
За рецептот секогаш да биде совршен, важно е да ги следите овие 3 трикови кои веројатно ќе ви ги потврдат и вашите баби:
1. Важно е сите состојки да бидат топли, односно на собна температура. Брашното може дури и да го загреете во рерна на температура од 200 степени околу 2 минути.
2. Додадете лажичка ракија во тестото, за при пржењето да не прими премногу масло. Водете сметка и температурата на маслото секогаш да биде доволно висока. Ако температурата спадне, ќе добиете не баш привлечни, мрсни крофни.
3. Прашокот за печиво ќе го спречи создавањето дупчиња во крофните, па затоа во вообичаениот рецепт додајте барем половина лажичка.
Испробајте го овој рецепт и уживајте во мирисот и вкусот.
М. Д. | Црнобело