20 намирници кои треба да ги комбинирате за да го извлечете максимумот од нив
Овошјето и зеленчукот се здрави сами по себе, но ако ги искомбинирате со правилниот додаток, само тогаш ќе го извлечете максимумот од нив.
Следете ги советите на нутриционистите и подобрете си ја исхраната без да го менувате начинот на исхрана.
20 намирници кои се помоќни во пар:
Јаболка + црно чоколадо
Заради ензимот катехол во јаболката и антиоксидансите во чоколадото, оваа комбинација има моќ да го подобри имунитетот, да ја стимулира активноста на мозокот, да ја подобри работата на срцето и крвните садови, како и да го намали ризикот од рак.
Овесна каша + свежо цеден портокал
Одличен извор на феноли, што значи подобрување на работата на дигестивниот систем и полесно ослободување од токсини.
Свинско месо + прокељ
Свинското месо е мрсно за да го јадете често, но сепак содржи селен кој го спречува развојот на канцерогени клетки. Служете го свинското месо со прокељ - тој ја зголемува ефективноста на селенот за 13 пати.
Домати + џигер
Железото кое го има во џигерот, во комбинација со витаминот Ц во доматите, може да ви помогнат да се ослободите од омалаксаноста, бавниот метаболизам и проблемите со срцето и крвните садови.
Магдонос + лимон
Исто како и во претходниот случај, така и тука се мешаат железото со витаминот Ц. Ова е посебно важна комбинација за добар имунолошки систем и брз метаболизам.
Зеленчук + јогурт или павлака
Комбинацијата на витамини и калциум е одлична. Плус, јогуртот и павлаката се добри регулатори на цревната флора. Влакната пак, кои се наоѓаат во свежите плодови, помагаат калциумот полесно да се апсорбира.
Авокадо + спанаќ
Во спанаќот има витамин А и лутеин, но за тие да се задржат во телото, ни треба авокадото. Оваа комбинација го олеснува варењето на храната.
Зелен чај + лимон
Зелениот чај ќе ве наполни со енергија и сите негови придобивки се двојно посилни ако додадете неколку капки лимон, односно витамин Ц.
Домати + маслиново масло
Одобрено од Италијанците, ова е одличен лек за кардиоваскуларните проблеми.
Месо + рузмарин
Месото е добар извор на протеини, но само ако е подготвено внимателно. Нутриционистите велат - само варење и готвење на пареа. Сите придобивки од месото ќе бидат поголеми ако го маринирате или едноставно - додадете рузмарин. Заради антиоксидансите кои ги содржи, го спречува формирањето на штетни супстанци.
М. Д. | Црнобело