Кое овошје содржи најмногу шеќер?
„Наместо колаче или чоколадо, ќе земам некое овошје“, реченица која ја изговорил секој од нас, во обидите да ја засити потребата за благо, да го прелаже организмот и да касне нешто здраво.
Но, понекогаш е подобро да се касне тој ред чоколадо (особено ако е со висок процент на какао) или тоа мало колаченце, наместо овошја кои изобилуваат со шеќери.
Како стои ситуацијата во овошната пирамида?
На дното на овошната пирамида со најмал процент на шеќери се наоѓа авокадото (да, авокадото е овошје).
Содржи само 1 gr. шеќери во една шолја производ. Ова е веројатно најздравиот избор кој може да го направите, бидејќи како што знаеме авокадото содржи здрави заситени масти и растителни влакна.
На второто скалило е ситното шумско овошје – капини, малини, боровинки, аронија, јагоди.
Количината на шеќер во овој тип на овошје во една шолја изнесува од 5 – 13 g.
Во третиот дел од пирамидата е овошјето кое најчесто го внесуваме: јаболката, крушите, цитроните, портокалите и бананите. Количината на шеќер во овие овошја се движи од 4-19 g. во една шолја.
На врвот на овошната пирамида е мангото. Содржи најголем процент на шеќери во својот состав – дури 26 gr. во една шолја производ.
Мангото е најшеќерното овошје, а доколку сепак не можете да му оделеете, ограничете ја консумацијата на неколку парченца, внимавајќи на дневниот внес на шеќерни единици.
Овошниот шеќер односно фруктозата е секако здрава и пожелна за консумирање и нормално функционирање на организмот.
Овошјето треба да биде дел од секојдневната исхрана, но секако како и за сè друго, и за него важи истото правило – во умерени количини.
(О)Милена | Црнобело