8 тајни: Како да ја чувате храната за да трае подолго?
Сигурно ви се случило да купите некој вид храна, но да се расипе многу побрзо од очекуваното и тоа да ве разочара.
Понекогаш тие се расипуваат и сушат уште пред да ги искористите.
За да не си ги фрлате парите и намирниците кои ги купувате, научете како правилно да ја чувате храната за да ви стои подолго:
Маслиново масло
За ова скапо масло да ви остане подолго, купувајте го во помало пакување, бидејќи најдобро е да се користи до 3 месеци по отварањето.
Путер од кикирики
Путерот од кикирики треба да го чувате со теглата свртена надолу. На тој начин, маслото ќе тече низ целата тегла и нема да се исуши.
Сирење
За сирењето да стои подолго време без да се исуши во фрижидерот, никогаш немојте да го ставате во пластични кеси.
Путер
Кога маслото однадвор е многу посветло од внатре, тогаш е време путерот да го ставите во замрзнувач. На тој начин може да се чува и до една година.
Мајонез
Ако сакате мајонезот да не ви се расипува и маслото да не се одвојува, најдобро е никогаш да не го чувате на горната полица во фрижидерот. Наместо тоа, чувајте ја теглата на вратата.
Брашно
Можеби не очекувавте, но брашното најдобро е да се чува во фрижидер. На тој начин останува свежо и се заштитува од непосакувани инсекти.
Соја сос
Најдобар показател за да знаете кога треба да се замени стариот сос е неговата боја. Свежиот сос секогаш има црвено-кафена боја, а ако станува потемна, тогаш тоа е лош знак.
Мед
Проблемот со кристализацијата на медот може да го решите многу едноставно, така што наместо да го чувате во фрижидер, ќе го ставите на темно и суво место.
М. М. | Црнобело