3 оброци кои никогаш не треба да ги нарачате во ресторан
Локалите во кои јадете често може да ви сервираат лаги, намерно или не.
За жал, секое шише од ладно цедено масло е лага, баш како и одредени видови на место кои се погрешно означени во менито. Односно, она што го нарачувате нема поврзаност со она што го добивате.
Токму затоа, експертите ве советуваат никогаш да не ги нарачувате следните 3 оброци:
1. Говедски стек
Експертите велат дека кога ќе нарачате говедско, во чинијата добивате порција лаги. Говедските специјалитети се скапи и често се заменуваат со помалку квалитетно говедско месо кое се служи како говедски стек.
Најлесно ќе откриете дали ресторанот ве лаже, ако ги прашате вработените од каде го набавуваат говедското месо.
2. Црвена риба
Во едно истражување во 2013-та година беше откриено дека цели 74% од суши рестораните намерно погрешно ја имаат означено рибата која ја послуживаат. Односно, ако на менито пишува дека јадете црвена риба, веројатно јадете некоја сосема обична риба со „солена цена“.
За никогаш да не ве прелажат каква риба јадете, најдобро е да ја нарачувате цела, печена на скара.
3. Печурки
Исто како и кај рибата, и печурките е најдобро да ги нарачувате само кога се цели во некој специјалитет. Никогаш не нарачувајте оброци кои содржат масло од тартуфи, бидејќи тоа е обично масло полно со ароми и хемикалии кои го даваат мирисот и вкусот.
Кој ресторан би купил скапо масло од тартуфи или печурки чија цена по килограм е вртоглаво висока?
М. Д. | Црнобело