10 највкусни италијански десерти кои вреди да ги пробате
Веднаш штом се спомене Италија, луѓето помислуваат на две работи: мода и храна.
Италија е земјата од која потекнуваат многу вкусни специјалитети, кои со годините станале познати низ целиот свет.
Еден од особено важните сегменти за Италијанците кога е во прашање храната, е десертот.
Според нив ниту еден ручек не е целосен доколку не заврши со десерт.
Токму затоа ова се највкусните италијански десерти кои морате да ги пробате.
1. Zabaglione
Вистинско слатко задоволство направено од јајца, шеќер и „Марсала“ вино. На прв поглед изгледа како пијалак, но всушност е многу мек десерт кој се служи во чаша.
2. Torta Caprese
Традиционална торта од Капри, направена од чоколадо и лешници која одозгора се прекрива со шеќер во прав.
3. Cantucci di Prato e Vinsanto
Со потекло од Тоскана, овој десерт е во форма на бисквит со лешници кој секогаш се јаде заедно со алкохолен пијалак, најчесто некое слатко вино.
4. Semi-Freddo
Во буквален превод значи полуладно и е заедничко име за многу десерти кои се смрзнати и прекриени со сладолед или слатка павлака.
5. Cannoli
Можеби еден од најпознатите италијански рецепти низ целиот свет, кој не само што е вкусен, туку и има интересен изглед. Крцкавото тесто извиткано во ролни е исполнето со слатка рикота што го прави неодоливо вкусно.
6. Sicilian Cassata
Овој сицилијански рецепт покрај труд, бара и доста време за декорација. Во внатрешноста има пандишпан, меѓу кој се наоѓа фил од рикота, а надворешноста внимателно се прекрива со марципан.
7. Rum Baba
Мало цилиндрично парче торта потопено во рум, декорирано со слатка павлака е она што во суштина претставува овој десерт.
8. Panna Cotta
Еден од најпрепознатливите италијански рецепти кој во превод значи зготвен крем, односно зготвена слатка павлака декорирана на одличен начин со овошен сируп и парчиња овошје.
9. Tiramisu
Неверојатно вкусна торта со слоеви фил од кафе, маскарпоне и жолчка од јајце. Еден од вкусовите кој штом го пробате никогаш нема да го заборавите.
10. Gelato
Можеби една од најдобрите причини зошто треба да ја посетите Италија. Џелато не е обичен сладолед и Италијанците никогаш нема да ви простат ако кажете нешто такво. Тајната е во тоа што тој не се замрзнува, а тоа го прави покремаст и му дава многу поинтензивен вкус.
М. С. | Црнобело