Неодоливо слатко задоволство - мафини со вкус на вишна или чоколадо?!

Дали ви се случило да вкусите најсладок, мекан чоколаден мафин и да се запрашете: “Добро, кој го произвел ова?!“ Ви проаѓа мисла: “Не е важно, рацете да му се позлатат!“

neodolivo-slatko-zadovolstvo-mafini-so-vkus-na-visna-ili-cokolado-01.jpg

Како настанале? Некои митови наведуваат дека готвач случајно додал растопено чоколадо во бисквити, други дека правел торта, но немал доволно брашно.  Трети, пак, велат дека домаќинка заборавила да додаде прашок за пециво во нејзината чоколадна торта!

Но, приказната дефинитивно започнува со чоколадо.

Слаткар од Бостон за прв пат ги претставил првите чоколадни мафини за време на Колумбијската изложба, одржана во Чикаго во 1893 година. Имено, приказната оди вака. Госпоѓа Берта Потер Палмер дама од богатите американски општествени слоеви побарала од кулинарскиот бостонски шеф на елитниот Палмер Хотел Хаус да подготви десерт, уредно и модерно спакуван во кутија, кој ќе им се послужи како ужина со кафе на  дамите кои ќе присуствуваат на изложбата. Резултатот бил супер богат мафин полн со чоколадо. Овој рецепт се уште е тајна на куќата и останува на менито на ресторанот до денес, но името на креативниот слаткар, за жал, се губи низ историјата. Она што е сигурно е дека првите чоколадни мафини имале чоколадо во изболиство, путер, шеќер, брашно и јајца. Инетересно, тие биле декорирани со ореви и прелиени со мармалад од кајсија. Така блескаво слатки се служат и денес во Хотел Палмер Хаус, кој сега е дел од ланецот Хилтон Хотели во Чикаго.

Денес овој американски десерт е популарен насекаде во светот, а сладокусците го јадат  најчесто за појадок со млеко или за ужина со кафе, или било кога во денот, бидејќи се навистина вкусни.

Постојат небројни рецепти и варијации на чоколадниот мафин, но нам омилени ни се Брауни на македонскиот бренд Винчини, произведени од компанијата Макпрогрес од Виница.

Не е важно каков избор ќе направите, чоколадни мафини со какао прелив или вишна, насмевка на лицето ќе ви се разлее по првиот залак.

На здравје насладување!

neodolivo-slatko-zadovolstvo-mafini-so-vkus-na-visna-ili-cokolado-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg