Кулинарски грешки заради кои храната никогаш не е доволно вкусна
Голем дел од нас кога готват се држат до мерките и пропорциите во кои се комбинираат состојките, но сепак, на крајот, храната пак нема така сочен вкус како што би сакале.
Што правиме погрешно во тие случаи?
Неколку можни работи ги правиме погрешно:
1. Го преполнувате садот за готвење
Запомнете, ако сакате храната да ви биде добро зготвена, посебно ако сакате крцкаво месо или печурки, мора поединечните парчиња да не се допираат едно со друго.
2. Месото го пржите во тефлон
Ако сакате совршено крцкава површина на месото, не треба да го готвите во сад кој не лепи, бидејќи така се пржи на пониска температура отколку што вообичаено би требало. Тефлонот чувајте го за јајца, палачинки... За пржење на месо користете челична тава.
3. Во водата каде ги варите шпагетите не додавате сол
Златното правило на добро сварени шпагети е да додадете сол во водата. Ако не знаете колку треба да ставите - една лажица на 300g шпагети.
4. Пржите во маслиново масло
На висока температура, маслиновото масло ги губи корисните состојки и започнува да гори, па може целосно да го уништи вкусот на храната. Маслиновото масло користете го само за салати. Пржете во рафинирано сончогледово масло.
5. Потребните состојки ги мерите со обична шолја
Велите: „чашава собира околу 250ml вода, па и млеко ќе собере толку. Не ми треба прецизна мерка“. Погрешно, за точни пропорции секогаш треба да употребувате сад каде прецизно се назначени мерките за вода, млеко, брашно, масло...
6. Почнувате да пржите пред да го загреете садот
Искусните готвачи велат: „ако мислите дека садот за пржење е загреан, тогаш почекајте уште 2 минути и после тоа започнете да пржите“. Добро загреаниот сад е најважен за да добиете совршено крцкава храна.
7. Го препржувате лукот
Рецептите за многу солени јадења содржат и лук во себе, но тој не треба да го ставате уште на самиот почеток и прво него да го пржите, а потоа да ги додавате останатите состојки.
8. Месото од фрижидер директно на пржење
Пред да почнете да го готвите месото, мора да биде на собна температура, така еднакво на сите делови ќе се готви и нема да се соочите со непријатен момент кога е препржено однадвор, а внатре сè уште е живо.
9. Веднаш го јадете месото после печење
Можеби не можете да почекате да почнете да јадете, но така не му дозволувате на месото да „одмори“, после 5 минути е далеку повкусно за јадење.
10. Сè чувате во фрижидер
Не секој производ е наменет да се чува во фрижидер. Доматите, кромидот, лукот, компирите и тропските овошја, најдобро е да ги чувате надвор од фрижидерот. Истото важи и за тиквите, тиквичките и модрите патлиџани.
11. Премногу ја превртувате храната
Не треба не секои „5 секунди“ да ја превртувате храната која ја пржите, оставете малку да се направи крцкав слој, инаку никогаш нема да добиете совршено мека внатрешност и крцкава позадина.
12. Јајцата ги преварувате
Ако жолчките на варените јајца се темни, тоа не значи дека се расипани, туку дека сте ги превариле. За да добиете совршена боја и текстура тргнете ги од рингла после 10 минути варење.
Н. Г. | Црнобело