Кои кулинарски трикови навистина функционираат, а кои не?
Секојдневно се појавуваат огромен број трикови кои ви ветуваат дека ќе ви го олеснат и поедностават животот.
Но, дали сите тие навистина се корисни и изводливи како што изгледа на сликите или видеата?
За следните 9 трикови можеме да ви потврдиме или негираме, согласно резултатот од извршениот обид за изведување на трикот.
1. Сечење на доматите на половина
Навистина ќе ги исечете многу полесно доматите на совршени половини доколку ги преклопите со нешто, но имајте на ум дека треба да имате навистина остар нож и да не притискате премногу.
2. Брзо ладење на шише
Тврдењето дека многу побрзо ќе го изладите шишето ако го ставите во фрижидер откако претходно околу него сте завиткале салфетка натопена со вода е сосема неточно, бидејќи завитканото шише ќе се излади подеднакво брзо како и незавитканото.
3. Одвојување на жолчка од белка
Трикот со шишето е навистина корисен и сосема едноставен за изведување. Земете пластично шише, притиснете во средината, ставете го врз жолчката и опуштете ги притиснатите делови. Заедно со воздухот ќе ја вовлечете и жолчката.
4. Правилно чистење јагоди
Трикот со цевката навистина функционира само ако јагодите се мали, а доколку се големи, придржувајте се до старата добра техника на чистење со нож.
5. Сечење на торта и крем сирење со конец за чистење заби
Конецот за чистење заби навистина ќе ви помогне лесно да исечете крем сирење или торта, но сепак ако сакате совршено еднакви делови ќе треба малку да повежбате.
6. Лупење јајце со лажица
Трик кој во реалниот живот никогаш нема да го изведете правилно и само ќе изгубите драгоцено време обидувајќи се.
7. Дрвената лажица ќе спречи течноста во тенџерето да се излее
Со лажица или без, ако температурата на ринглата е премногу висока бидете сигурни дека течноста ќе се излее од тенџерето.
8. Омекнете ги сувите краеви на пицата со чаша вода во микробранова
И покрај обидот, сепак краевите ќе останат суви, а благодарение на „трикот“ и ќе го изгубат нивниот вкус.
9. Чистење киви, авокадо или манго со чаша
За да успеете во овој трик треба да сте вистински професионалци и да сте го направиле ова безброј пати. Во спротивно, држете се до стариот добар начин на чистење со нож.
М. С. | Црнобело