Трикови за готвење кои треба да ги научите пред да наполните 30 години

Главното правило во гастрономијата е дека љубовта секогаш доаѓа преку стомакот. А, секако, сите сакаме да уживаме во вкусна храна.

Trikovi-za-gotvenje-koi-treba-da-gi-naucite-dodeka-napolnite-30-00

Готвењето е нешто кое се учи и доколку вложите само малку време, многу брзо ќе научите многу од тајните и триковите кои ги користат вашите мајки.

Никој не очекува вие да станете експерт за секаква храна, но сепак постојат оброци кои е срамота да не знаете да ги подготвите.

Следниве трикови се нешто кое секоја жена треба да го научи додека наполни 30 години:

1. Совршена паста

Совршената паста се состои од два клучни чекори. Првиот чекор е варењето на пастата, која не смее да биде преварена, а вториот додавањето на пастата во сосот, со што ќе добиете богат и незаменлив вкус.

Trikovi-za-gotvenje-koi-treba-da-gi-naucite-dodeka-napolnite-30-01

2. Палачинки

Главниот проблем при правењето палачинки е тоа што тие често се кршат и лепат на тавата. Тоа ќе го елиминирате така што ќе додадете 1 лажица путер или масло за јадење во тестото и ќе ги печете само кога тавата е целосно загреана.

Trikovi-za-gotvenje-koi-treba-da-gi-naucite-dodeka-napolnite-30-02

3. Лазањи

Лазањите се малку понапредна верзија од пастата, каде треба да научите како правилно да зготвите месо. Изберете ги вистинските зачини, правилно комбинирајте ги и никогаш нема да погрешите.

Trikovi-za-gotvenje-koi-treba-da-gi-naucite-dodeka-napolnite-30-03

4. Вкусен зеленчук

Ако сакате да добиете вкусен оброк од зеленчук, потребно е да го ставите во водата штом таа ќе почне да врие. А ако сакате да направите вкусна супа – тогаш ставете го зеленчукот да се вари во ладна вода.

Trikovi-za-gotvenje-koi-treba-da-gi-naucite-dodeka-napolnite-30-04

5. Сочни пилешки гради

Тајната за сочни пилешки гради е да ги печете кратко време на висока температура. Исто така, штом ги извадите од рерна завиткајте ги со фолија и оставете така да стојат 10 минути.

Trikovi-za-gotvenje-koi-treba-da-gi-naucite-dodeka-napolnite-30-05

6. Совршена Цезар салата

За да добиете совршена салата треба да внимавате на неколку работи: убаво исушете ја марулата, секогаш избирајте квалитетен кашкавал и подгответе домашни кубети наместо да ги купувате од продавница.

Trikovi-za-gotvenje-koi-treba-da-gi-naucite-dodeka-napolnite-30-06

7. Ароматична пица

Мал е процентот на луѓе кои знаат дека ако сакате да добиете ароматична пица никако не би требало да користите свежи печурки и кромид. Пицата ќе биде исто така многу повкусна ако исечкате домати и направите сопствен сос, наместо да купите готов сос или кечап од продавница.

Trikovi-za-gotvenje-koi-treba-da-gi-naucite-dodeka-napolnite-30-07

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg