15 трикови кои ќе ве направат маестро во кујната
-->
Дали знаете дека пресечениот кромид кој не сакате веднаш да го јадете, можете да го држите свеж ако ставите малку путер на него?
Или дека можете да се спасите од пресолената храна?
-->
Неколку трикови кои ќе ве направат маестро со намирниците:
1. Ставете четвртина кромид во истиот сад со пресеченото авокадо и нема да потемни.
2. Кокосот најлесно можете да го отворите ако прво го ставите во вжештена рерна 10 до 15 минути.
3. Пресечениот кромид може подолго време да остане свеж ако ставите путер на исечениот дел.
-->
-->
4. Направете две дупки на пластична чинија и со неа покријте го садот каде миксате така, нема да имате дамки насекаде.
-->
5. Ако претеравте со солта, тргнете го садот и додадете модар патлиџан или компири.
6. Спанаќот ако веќе сте го измиле, подолго ќе остане свеж ако ставите помеѓу редовите и обична хартија.
-->
7. Ако зелената салата ја купивте со коренот, истиот ставете го во вода и препокријте ја зелката со пластична кеса.
8. Ако немате чоколадни трошки, импровизирајте со рендање на чоколадо.
9. Пилешкото за пилешки нагети најлесно можете да го распарчите ако го ставите во миксер.
10. Ако житариците сте ги оставиле отворени и омекнале, ставете ги во рерна и повторно ќе бидат како нови.
11. Печурките нема да ја изгубат својата арома ако ги чистите со влажна крпа.
12. Оцетот ќе ви помогне да се ослободите од било која маснотија на садовите.
13. Кашкавалот стопете го веднаш на плескавицата додека се пржи, не чекајте да ја ставите на парче леб.
14. Обожавате путер од кикирики? Ако имате недовршена тегла ставете малку нутела, житарици и млеко и имате одличен појадок.
15. Пред да сечете кромид, даската за сечење напрскајте ја малку со сок од лимон.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни
Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз
Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната
Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)?
Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
11 трикови со кои овошјето и зеленчукот ќе ви останат свежи подолго време
Бананите ви скапуваат, компирот 'рти, морковите ви се сушат... Што треба да напр...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна
Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...