Здрави причини зошто да јадете зачинета храна многу почесто

Различни култури низ светот имаат посебно место во срцата и кујната за зачините кои на храната и даваат посебен вкус кој штом еднаш го пробате никогаш нема да го заборавите.

zdravi-pricini-zosto-da-jadete-zacineta-hrana-mnogu-pocesto-001.jpg

Иако низ светот постои едно општоприфатено тврдење дека зачинетата храна е штетна, неодамнешните истражувања покажале дека ваквата храна не само што не е штетна туку е и здрава за организмот.

Во многу култури зачините дури и заменуваат одредени лекови и се користат како алтернативен начин на лекување на многу болести.

Токму затоа во продолжение следат 6 здрави причини зошто треба да јадете зачинета храна многу почесто...

1. Зачините може да ви помогнат да ја намалите телесната тежина

Многу зачини имаат состојки кои ја зголемуваат телесната температура, која го поттикнува метаболизмот, со што се намалуваат килограми. Други зачини, како на пример циметот, помагаат во балансирањето на шеќерот во крвта и подолго време чувствувате ситост.

2. Зачините го забрзуваат метаболизмот

Капсаицинот во чили пиперките ја зголемува температурата на вашето тело која го поттикнува работењето на метаболизмот. Зачините се исто така одличен за добивање енергија и чувство на ситост заради кое нема непотребно да се прејадувате, внесувајќи огромни количини храна.

3. Зачините може да ја спречат појавата на срцеви заболувања

Лукот, ѓумбирот и циметот се покажале особено корисни при превенцијата од срцеви болести.

„Лукот е еден од најздравите зачини на светот, истовремено моќен антиоксиданс и разредувач на крвта. Низ светот се препорачува како природен агенс за намалување на холестеролот, но помага и во намалувањето на триглицеридите – телесни масти кои се тесно поврзани со појавата на срцеви заболувања. Лукот е толку моќен што може да го намали притисокот исто како и некои лекови“ – објаснува д-р Синатра, познат кардиолог.

4. Зачините може да ги ублажат проблемите со синусите

За ова не е потребно многу објаснување бидејќи секој од нас почувствувал како му се ослободуваат дишните патишта штом јаде малку повеќе зачинета храна. Тоа се должи повторно на зголемувањето на телесната температура кое зачините го предизвикуваат веднаш штом се внесат во организмот.

5. Зачините може да ви помогнат да живеете подолго

Според едно истражување спроведено за корисноста на зачините, луѓето кои јадат зачинета храна 1-2 неделно имаат намален ризик од смрт за 10%, во споредба со оние кои многу поретко јадат зачинета храна.

6. Зачините можат да послужат како природен лек за анксиозноста и стресот

Според д-р Синтија, холистички лекар, зачините како пасифлора, кава кава, куркума и лаванда имаат потенцијал за намалување на анксиозноста и стресот на здрав начин, кој не предизвикува зависност. Л-теанинот, аминокиселина која најмногу ја има во зелениот и црниот чај, исто така може значително да ја намали анксиозноста.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg