10 трикови со кои овошјето и зеленчукот подолго ќе останат свежи
Некогаш грешиме и во наједноставните работи, како на пример, начинот на кој го чуваме овошјето и зеленчукот.
За веќе никогаш да не фрлите скапани јаготки или домати, држете се строго до овие трикови и совети:
1. Пред да го ставите зеленчукот во фрижидер, не го мијте. На тој начин може да го отстраните заштитниот слој кој спречува скапување и ‘ртење.
2. Плодовите секогаш треба да бидат суви, затоа најдобро е да ги избришете пред да ги ставите во фрижидер. Така ќе спречите скапување и појавување на мувла.
3. Некои зеленчуци и овошја не се за во фрижидер. Како на пример, пиперките, краставиците и доматите кои треба да ги чувате на собна температура.
4. Врвот на бананите замотајте ги во пластична фолија. На тој начин побавно ќе созреат и скапат.
5. Свежите плодови секогаш чувајте ги на најниска температура во фрижидерот. На тој начин нема да ја изгубат свежината и аромата.
6. Компирите и кромидот никогаш не одат заедно.
7. Кромидот и лукот сакаат темни места, како на пример хартиени кеси со неколку дупчиња.
8. Во компирите ставете едно или повеќе јаболка, за да ја одржите нивната свежина подолго.
9. Брокулата и карфиолот сакаат вода. Ставете ги во мал сад со вода и покријте ги со крпа, па така ставете ги во фрижидер ако сакате да им го продолжите рокот.
10. Целерот замотајте го во фолија, бидејќи ако го оставите во кеса ќе ги изгуби еластичноста и вкусот.
М. Д. | Црнобело