Истражување открива: Тестенините можат да ви помогнат да ослабете
Ново истражување направено од списанието „Nutrition and Diabetes“ вели дека тестенините спротивно на досегашното верување, не дебелеат, напротив, можат да помогнат при слабеењето.
Истражувањето доаѓа од Италија и го тврди спротивното од општоприфатеното верување дека тестенините се непожелни, ако сакате да намалите некој килограм.
Иако се богати со јаглехидрати, можат да помогнат при слабеењето.
Кога тестенините се јадат на медитерански начин, полни со зеленчук, помагаат при слабеењето.
Ова италијанско истражување било направено на 23.000 луѓе од различни делови од Италија и докажува дека тестенините кои се богати со маслиново масло, лук, магдонос и други типови на зеленчук можат да ви помогнат да ослабете.
Дали резултатите од ова истражување се прецизни?
Некои велат дека тоа што истражувањето било вршено на основа само на тоа што испитаниците биле прашувани што јадат, а не и колку јадат.
Треба да имате на ум дека Италијанците кои консумираат тестенини и се слаби, дневно не консумираат повеќе од 50 до 50 грама варени тестенини, за разлика од тоа, на Запад, количините се далеку поголеми и затоа доведуваат до дебелеење.
Н. Г. | Црнобело