Колку долго трае храната во замрзнувач, а колку на собна температура?
Рокот на храната отсекогаш бил тема на дискусии - што се јаде по неговото истекнување, што никако не смее да се консумира, што се чува во обичен фрижидер, што на собна температура, а што оди за замрзнување?
Една табела која ќе ви ги олесни сите дилеми:
Ако ја чувате...
Во замрзнувач:
Преработено месо - 1 до 2 месеци
Риба - 2 до 6 месеци
Мелено месо - 3 до 4 месеци
Бифтек - 6 до 12 месеци
Цело пиле - 1 година
Леб - 1 година
Свеж зеленчук - 1 година
Свежо овошје - 1 година
На собна температура:
Леб - 5 до 7 дена
Путер од кикирики - 6 месеци
Житарки - 1 година
Ориз - 1 година
Храна во конзерви - 1 година
Кечап, мајонез и останати сосови - 1 година
Џем, сирупи - 1 година
Тестенини - 2 години
М. Д. | Црнобело