Новата супер-храна во 2016-та: Црно семе, мака во прав, јаворова вода

Изгледа дека секоја година носи нови видови на храна кои се етикетираат со претставката супер, а истражувањата потврдуваат дека токму овие новитети ќе ја направат разликата во нашиот живот, токму како што тоа го ветуваа и ветуваа и аронијата, гоџи бобинките, чија семето или киноата.

Novata-super-hrana-vo-2016.jpg

Дали се работи за обичен тренд од областа на органската супер-храна, паметни маркетиншки трикови кои нè тераат да ги празниме џебовите или навистина овие продукти прават огромна разлика во квалитетот на нашето живеење, сепак е индивидуален избор.

Во годината која полека, но сигурно, се приближува кон средината, ова се најновите трендови во здравата исхрана. Голем дел од нив лесно може да ги набавите во продавниците за здрава храна.

Црно семе

crno-seme.jpg

Се чини дека црното го замени чиа семето. Библијата вели дека е „лек за сè, освен за смртта“. Ефикасно го чисти телото од токсини, ги регенерира бета клетките, се бори против бактериски и габични инфекции. Особено се препорачува на оние кои имаат дијабетес тип 2, лицата кои страдаат од епилепсија и оние со висок крвен притисок.

Јаворова вода

javorova-voda.jpg

Најчистата форма од сокот коj поминува низ стеблата на јаворите, содржи богатство од антиоксиданти и минерали кои помагаат во контролата на шеќер во организмот. Истовремено, ја засилува работата на тироидната жлезда, наменета за сите оние кои се борат со хипотироидизам. Означена како новата „чудотворна вода“, сѐ уште се чека пресудата од истражувањата на нутриционистите, иако јаворовата вода веќе ги освои следбениците на здравата исхрана.

Коџи ориз

koji-oriz.jpg

Се работи за специфичен вид на ориз, кој претходно ферментирал со помош на влакнеста габа, со чија помош пак може да се ферментираат и соја зрна, а подоцна традиционално се прави соја сос. Приврзаниците на органска здрава храна решија да го употребат коџи оризот при подготовка на зеленчук и сосови за салата. Во што е поентата? Коџито и додава „масен“ вкус на храната, а за возврат не содржи сол, шеќер, ниту масти.

Златни бобинки

zlatni-bobinki.jpg

Светло портокалови сушени плодови кои потсетуваат на брусница, но со убава златна нијанса, овие бобинки се одликуваат со констрастен слатко-кисел вкус и влијаат многу поволно на здравјето, поради своите анти-воспалителни својства.

Содржат богатство од витамини, минерали, аминокиселини и тајното оружје скриено под нивната набрчкана коричка – пектин, кој ја регулира работата на дигестивниот систем и нивото на лош холестерол. Многумина ги препорачуваат и за ефикасно слабеење.

Мака во прав

maka-vo-prav.jpg

Перуанската билка која се одгледува заради нејзиниот корен (повторно) влегува на голема врата во светот на органската храна и во 2016 година.

Богата со есенцијални аминокиселини, маката содржи и голем процент на железо, калциум, магнезиум, натриум, сулфур, калиум и фосфор, како и витамини од типот Ц, Е, Б1 и Б2.

За што се употребува? Првенствено за регулација на хормоналнит дисбаланс, ги ублажува менструалните болки, придонесува за поредовен циклус, а го зголемува и либидото и плодноста, како кај жените, така и кај мажите.

Маката во прав го зајакнува имунитетот, штити од анемија и остеопороза на коските, а ја подобрува и мозочната функција.

Вистинска супер-храна.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
3 начини за црвени велигденски јајца со природни бои (од намирници во вашата кујна) Со само неколку состојки кои речиси секогаш ги имаме во домот можете да направит...
7 чаеви за рамен стомак (и побрз метаболизам) Овие чаеви ја намалуваат желбата за благо, ја зголемуваат енергијата и го забрзу...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Путер, јајца, млеко – дали и колку време е безбедно да ги чувате овие намирници надвор од фрижидерот... Несоодветното чување на храната со себе носи многу опасности. Што се&nbs...
Лубеница, пченка - Како да ги складирате овошјето и зеленчукот за да бидат свежи подолго? Немојте да ги отстранувате листовите на пченката, а компирите најдобро чувајте г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg