Како да ја украсите храната за следната детска забава?
Мајките низ целиот свет секогаш се во потрага по интересни идеи за тоа што да им подготват на децата и нивните малечки гости за роденденските забави.
Нема ништо поубаво од насмевката на детските лица кога радосно ги прикажуваат вкусните креации на своите мајки и се гордеат со својата роденденска забава.
Токму затоа ние ви нудиме забавни идеи со кои ќе ги израдувате вашите деца:
1. Карамелизирани јаболка
За да ја подготвите оваа слатка закуска потребни ви се дрвени стапчиња кои ќе ги закачите во јаболката, па секое јаболко ќе го потопите со карамела, па во мелени ореви или сусам.
2. Сладолед од лубеница
Пресечете ја лубеницата во форма на триаголници и во секое парче закачете по едно стапче за сладолед.
3. Мини-пица
Мини-пиците се одличен избор за детски забави бидејќи децата најчесто не можат да изедат цело парче пица. За да ги направите уште поинтересни можете на нив да закачите шарени знамиња со имињата на децата.
4. Полжави
За да направите интересни фигури лиснатото тесто свиткајте го во форма на полжав и така ставете го да се пече.
5. Хот-дог
Дури и обичниот хот дог може да изгледа позабавно доколку го поставите вертикално на чинија за послужување и го обвиткате со млад кромид.
6. Мумии
За да ги направите овие забавни мумии обвиткајте ги колбасите со лента од лиснато тесто и запечатете ги краевите. Потоа нацртајте им очи.
7. Забавни сендвичи
Сендвичите со забавни ликови од цртаните филмови сигурно ќе предизвикаат насмевка на детските лица. Земете ги производите кои имате во фрижидерот и препуштете се на вашата фантазија.