Како сами да ги избелите јајцата за бојата да се „фати“ поубаво?
Пред секој Велигден, белите јајца се претвораат во „златни јајца“ - или не можете воопшто да ги најдете или сфаќате дека чинат дупло повеќе од обичните.
Ако не сакате да давате голема сума на пари, тогаш можете да се послужите со еден прилично интересен трик - природно боење на јајцата.
Потребни состојки:
- 250ml алкохолен оцет
- 750ml вода
- 10 јајца
Подготовка:
Ставете ги јајцата во еден поголем сад така да стојат во еден ред. Прелијте ги со мешавината од вода и оцет.
Ставете ги на рингла да се варат. Кога водата ќе зоврие, варете ги уште 15 минути, а потоа оставете ги да се оладат.
Така оладените јајца тријте ги со сунѓер на млаз студена вода. Оцетот ќе го „нагризе“ површинскиот слој од лушпата и ќе ги обели јајцата.
Внимавајте додека ги триете, бидејќи таквите јајца се чувствителни.
Н. Г. | Црнобело