4 факти кои треба да ги знаете за протеините

Исхраната богата со протеини се препорачува во сите експертски кругови затоа што, за правилна исхрана потребно е да бидат балансирани и јаглехидратите и протеините и мастите.

4-fakti-koi-treba-da-gi-znaete-za-proteinite-01.jpg

Што треба да знаете за протеините?

1. Протеините се неопходни

Можеби сте се одлучиле за вегетаријански начин на исхрана, но тоа не значи дека треба да ги исфрлите протеините.

Напротив, треба да најдете замена за истите, односно да консумирате повеќе протеини од растително потекло.

Нутриционистите се едногласни, протеините се неопходни за здрав и квалитетен начин на живот.

2. Протеините и белковините се едно исто

Протеините и белковините се два различни називи со исто значење - тие се есенцијални елементи потребни за раст и регенерација на организмот.

Покрај водата, протеините се најраспространетите молекули во нашиот организам.

3. На кого му се потребни протеините?

Кратко кажано, на сите. Најчест мит е дека протеините им се потребни повеќе на спортистите и атлетичарите, но истите се подеднакво важни за сите луѓе.

4. Колкава количина на протеини ви се потребни?

Правилната и урамнотежена исхрана подразбира внесување на 20 до 30 проценти протеини, 30 до 35 проценти масти и околу 40 проценти јаглехидрати.

Иако индивидуалните потреби се разликуваат, EFSA (European Food Safety Agency) препорачува да внесувате 0,83g протеини на килограм телесна маса.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна која е повкусна во Air Fryer (и се прави побрзо) Пченка, замрзната брокула, поздрава варијанта на сланина – некои јадења е подобр...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
3 начини за црвени велигденски јајца со природни бои (од намирници во вашата кујна) Со само неколку состојки кои речиси секогаш ги имаме во домот можете да направит...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg