Појадок за добар почеток на денот: 3 правила со кои побрзо ќе ослабете

Најдобар начин да влијаете на вашето здравје, а и на линијата, е здравиот појадок кој на организмот ќе му ја овозможи потребната енергија нормално да функционира во текот на целиот ден.

pojadok-za-dobar-pocetok-na-denot-3-pravila-so-koi-pobrzo-kje-oslabete-01.jpg

Само со здрав и богат, но и здрав, појадок можете да го забрзате вашиот метаболизам и да ги намалите наталожените килограми.

1. Утрото веднаш фрлете се на појадување

Истражувањата покажуваат дека појадокот го забрзува метаболизмот па затоа, важно е да јадете првиот час по будењето за најдобро што можете да го искористите потенцијалот на телото да согорува маснотии. Не само тоа, ако појадувате веднаш откако ќе станете, во текот на денот нема да чувствувате глад и ќе правите подобри избори кога ќе дојде време за ручек и вечера.

2. Никако не заборавајте на протеините

Појадокот нека ви биде богат со протеини - вистински избор се јајцата и јогуртот кои на организмот ќе му помогнат да се избори со гладот. Така, ќе јадете помалку и со текот на времето ќе ги намалите килограмите. Едно истражување покажало дека во просек губите дупло повеќе килограми ако појадокот го започнете со протеини, отколку со некое печиво.

3. Изедете банана

Шеќерите кои се наоѓаат во бананата ќе ви помогнат да согорите повеќе калории, но покрај другото и калиумот одлично ќе му дојде на вашето срце, полесно ќе ги сварите протеините кои сте ги консумирале претходно и ќе бидете поконцентрирани на работата.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
Едноставни трикови и совети со кои ќе станете експерт за торти и слатки Прекумерното мешање на тестото е честа грешка. Откако ќе се соединат в...
8 (здрави) намирници со кои мора да бидете умерени – некои предизвикуваат труење Пиењето многу вода може да го разреди натриумот во крвта, додека јадењето само п...
Суво овошје што не треба да го консумирате на празен стомак (без да го комбинирате со друга храна) Многу е важно како ќе го започнеме денот, а здравата исхрана може да и...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Гравот се потопува во сода – Кујнски трикови на ориенталните готвачи Јајцата се пржат само во бакарни садови, а кафето треба да се вари двапати… Кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg