Кога зејтинот за пржење прска, ставете корка леб: 11 совети за готвење кои ќе ви го направат секој оброк повкусен
Како пилешкото месо да биде сочно и меко, како пржениот компир да има подобар вкус, како да го спречите прскањето на маслото од тавата?
Ако секојдневно готвите, овие 11 совети дефинитивно ќе ви го олеснат животот, плус ќе го направат секој рецепт повкусен.
1. Супата ќе биде повкусна ако се подготви од 2-3 видови месо и повеќе зеленчуци. Не се држете до строгите рецепти.
2. Пржениот компир ќе биде повкусен ако додадете едно стебло рузмарин во тавчето во кое се пржи.
3. Неизлупениот компир во рерна побрзо ќе омекне ако претходно отстои 10-тина минути во жешка вода.
4. Кога при пржењето на храна маслото ќе почне да прска, во тавчето ставете корка леб или малку сол.
5. Спанаќот ќе ја сочува својата природна боја ако во зовриената вода ставите малку сол или сода бикарбона, па потоа го спуштите спанаќот.
6. Компирот за време на варењето нема да попука ако веднаш по зовривањето на водата ставите малку сол.
7. Шницлите ќе бидат посочни и повкусни ако во месото се стави еден мал ситно изрендан компир, се остави да отстои, па потоа се пржи.
8. Пилешкото месо ќе биде бело, сочно и меко ако се премачка со лимонов сок пред да се пржи.
9. За топлиот колач да не ви се залепи за чинијата, пред да го ставите на неа, пропрскајте шеќер во прав.
10. Пирето од компир ќе биде уште повкусно ако му додадете малку шеќер.
11. При пржењето на риба маслото нема да прска ако во него ставите малку сол или брашно.