Чести грешки кои ги правите кога готвите, без да знаете дека се опасни по здравјето

Секој до нас има вообичаен начин на кој ја подготвува храната. Често тој се базира на спонтани навики, а не на процесите кои може негативно да се одразат на здравјето.

cesti-greski-koi-gi-pravite-koga-gotvite-bez-da-znaete-deka-se-opasni-po-zdravjeto-01.jpg

Многу од тие навики предизвикуваат одредени болести и развој на бактерии.

За на време да се заштитите себеси и своите најблиски, од денес променете ги следниве навики:

1. Одмрзнување на месото

Одмрзнувањето на месото е првиот чекор при подготовката на ручекот каде грешите. Голем број од луѓето месото го одмрзнуваат на кујнската работна површина, што е голема грешка, затоа што бактериите брзо се размножуваат на собна температура и може да се задржат на површината.

Тоа значи дека ако после тоа на кујнската плотна ставите друга храна, бактериите се пренесуваат на неа.

Најпаметен начин да го одмрзнете местото е да го ставите во фрижидер или во чинија со ладна вода. Евентуално може да се послужите со микробранова, ако немате доволно време.

2. Миење на месото

Иако не делува така, миењето на месото во кујнскиот мијалник не е хигиенски затоа што повторно бактериите се задржуваат на површината.

cesti-greski-koi-gi-pravite-koga-gotvite-bez-da-znaete-deka-se-opasni-po-zdravjeto-1.jpg

3.Раздвојување на живото од обработеното месо

За подготовка на живото и вареното или печеното месо секогаш мора да се употребуваат различни садови. Никогаш не го ставајте зготвеното месо во сад во кој претходно имало живо месо, без разлика колку и да сте го измиле. Истото важи и за морските плодови.

4. Ладење на храната пред да ја ставите во фрижидер

Многу луѓе веруваат дека пред да ја стават храната во фрижидер мора добро да ја оладат. Меѓутоа, оставањето на топлата храна на собна температура е само добра покана за бактериите. Во храната која брзо се расипува бактериите се развиваат за помалку од 2 часа, освен ако храната не се стави во фрижидер.

Сепак, штотуку сварената или жешка храна не смее да ја ставите во ладилник, заради испуштањето на топлината која може да ја расипе останатата храна.

Препорачливо е да ја оладите побрзо, со ладна вода или префрлање во нов сад, па потоа да ја ставите на некое постудено место во домот. Така побрзо ќе ја спуштите температурата и побрзо ќе може да ја ставите во фрижидер.

5. Замрзнување на јадења со компир

Свежиот компир или јадењата кои го содржат не е пожелно да ги замрзнувате, затоа што на температура под 0 скробот се претвора во шеќер и станува штетен. Затоа дрвените кутии сместени во темни и суви простории се идеални за чување на компирот. Тоа ќе го спречи ‘ртењето кое ги извлекува сите хранливи вредности од него.

Важно е да знаете дека варениот или печен компир со лупа ги има речиси сите хранливи материи како кога е свеж, а доколку ја отстраните кората, компирот останува без нив.

cesti-greski-koi-gi-pravite-koga-gotvite-bez-da-znaete-deka-se-opasni-po-zdravjeto-2.jpg

6. Загревање на веќе зготвен компир

Компирот кој веќе бил термички обработен не би требало да го греете, затоа што после тоа ги губи сите хранливи својства.

Плус, кога се подгрева, во самото срце на компирот се ослободуваат тешки метали, како токсичен соланин, кој ги разбива белковините во организмот.

Можеби нема да дојде до труење, но оваа навика треба да ја избегнувате. Подобро е да го јадете компирот оладен, велат нутриционистите.

7. Маринирање на месо на кујнските површини

Маринирањето на местото е подеднакво ризично и штетно како и одмрзнувањето, од истите причини.

8. Користење на маринадата како сос

Иако изгледа економично, треба да имате на ум дека бактериите од свежото месо може да ви ја уништат храната. Маринадата може да ја користите за сос само ако добро ја сварите пред консумирање.

cesti-greski-koi-gi-pravite-koga-gotvite-bez-da-znaete-deka-se-opasni-po-zdravjeto-3.jpg

9. Миење ја рацете за време на готвење

Важноста на чистите раце сите ја знаеме, но ретко кога ја почитуваме. Без да се брзате, пред да почнете со подготовка на било каква храна, паметно е да ги измиете рацете со сапун околу 20-тина секунди.

Повременото миење во текот на готвењето исто така е препорачливо, посебно кога ќе допрете свежо месо. Пред да преминете на подготовка на зеленчукот, задолжително измијте ги рацете со сапун.

10. Неизмиено овошје

Дури и ако планирате да го излупите овошјето, паметно би било да го измиете. Пестицидите од овошјето лесно се пренесуваат на рацете и површините, па пред да решите да направите овошна салата, плодовите задолжително потопете ги во сад со вода и оставете ги да отстојат неколку минути.

11. Храна која предолго стои на собна температура

Секогаш е подобро храната да ја послужите пред гостите, отколку да ја оставите да стои на масата со часови, па потоа уште неколку часа додека ги празните чиниите...

Сервирајте мала количина за која знаете дека брзо ќе се изеде, а остатокот чувајте го во фрижидерот и изнесувајте го по потреба.

Имајте на ум дека храната која стои подолго од 2 часа на собна температура веќе е ризична за јадење.

12. Нерамномерно загревање на храната

Кога го загревате месото, рибата или јајцата, често се случува во нерамномерно распоредената количина да остане една „ладна зона.“ Токму во таа ладна зона може да се развијат штетни бактерии.

Затоа пред секое загревање на храната рамномерно распоредете ја количината, ако е потребно додадете малку вода и промешувајте константно. Садот покријте го со капак или фолија, затоа што пареата ќе се задржи внатре и на тој начин осигурувате термичко обработување на храната.

cesti-greski-koi-gi-pravite-koga-gotvite-bez-da-znaete-deka-se-opasni-po-zdravjeto-4.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите Дали знаете дека ако ставите премногу масло на калапот за торта таа ќе излезе из...
Традиционални јадења од европските земји што мора да ги пробате барем еднаш Не може да одите во Италија, а да не пробате оригинална италијанска маргарита. В...
4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Кулинарски трикови што не ги знаат ниту најискусните домаќинки Сте размислиле ли некогаш како лесно и брзо можете херметички да ги затворите пл...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg