Зошто некои јајца имаат бела грутка кога ќе ги скршите?
Дали некогаш сте се запрашале зошто некои јајца кога ќе ги искршите имаат мала бела лигава грутка?
Без разлика на тоа колку пати досега сте кршеле живо јајце, веројатно белиот дел како грутка сте морале да го извадите затоа што ви изгледал грозно.
Но, за среќа, не станува збор за ниту една од најгрозните работи кои сте си ги замислиле во главата.
Овој дел од јајцето се нарекува халаза или уше папочна врвка. Нивната намена е да ја задржат жолчката во центарот на школката, всушност служи како мало „сидро“.
Обично може да се забележи само кога ќе се одвојат белката и жолчката и не е неопходно да се ослободите од истата, бидејќи во основа изградена е само од протеини.
Халазите обично исчезнуваат кај постарите јајца, па затоа истите се добар знак дека јадете свежо јајце.
Н. Г. | Црнобело