Што треба да знаете пред да подготвите или купите смути?

Ако досега не сте забележале, смути-то е одличен избор ако сакате да изгубите некој килограм, или едноставно сакате здраво да се храните.

sto-treba-da-znaete-pred-da-prigotvite-ili-kupite-smuti-01

Но, сигурно не знаевте дека тоа може да биде штетно за вас – особено ако е полно со масти, шеќери, а секако и калории. Исто така, ако го купувате, тоа може да биде преголемо и честопати полно со продукти кои не се здрави. Најпаметно и најдобро е сами да ги приготвувате дома.

Еве на што уште треба да внимавате:

1. Внимавајте на порциите

Еден од главните проблеми со смутијата е тоа што честопати се преголеми. Кога го правите или при купување, внимавајте на неговата големина. Многу од продавниците сервираат дури околу 500ml, а правилната големина е околу 250ml.


2. Лимитирајте ги калориите

Кога сами правите смути и внимавате да биде до 250ml, тогаш лесно е да внимавате и колку калории внесувате. Тоа не е толку лесно во џус баровите. Иако некои од нив го имаат наведено бројот на калории на менито, добро е да прашате колкава е енергетската вредност на смутито кое го порачувате. А, тоа не смее да содржи повеќе од 300 калории.


3. Задолжително внесете протеини

При правење смути најчесто се користи овошје кое има бројни хранливи состојки. Но, сепак ви недостига протеин кој ви е потребен за енергија и контрола на апетитот. Протеините исто така се поврзуваат со зголемена концетрација и продуктивност, па затоа не смеете да ги прескокнете. Пробајте кисело млеко, јогурт или путер од кикиритки.


4. Користете свежо или замрзнато овошје

Конзервираната храна е штетна, таа се подготвува со разни сирупи – т.е. вишок на шеќери. Одберете свежо или замрзнато овошје коe e полнo со хранливи материи, а сепак има убав вкус без дополнителен шеќер и калории.


5. Ако сакате нешто ново, вметнете зеленчук

Еден од поновите трендови во светот на здравата исхрана е вклучување зеленчук во смути. Тие содржат хранливи состојки кои ги нема во овошјето и плус имаат помалку шеќери (и калории) за разлика од овошјето. Исто така, тие се скоро незабележливи поради сладоста на овошјето. Одличен избор се морковите, лиснатите зеленчуци или авокадото.


6. Додадете зачини

Ако сте навикнати на големо смути полно со шербет, тогаш тешко ќе ви биде да преминете на поздрава алтернатива. Затоа, добро е да додадете природни адитиви како ѓумбир, цимет, чиа семе, екстракт од ванила или кокосова вода. Вкусот ќе ви биде интересен и сладок, а смутито ќе биде многу поздраво.


7. Избегнувајте штетни продукти

Кога веќе знаете што да вметнете во вашето смути, време е да дознаете што да избегнувате. На листата од нешта кои треба да ги прескокнете се: соковите со многу шеќери, шлаг, сладолед и сирупи со вкусови. Ако ги избегнувате овие нешта, тогаш многу побрзо и полесно ќе создадете здрава опција која ќе ви помогне да ги достигнете вашите цели.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Храна што не треба да се подгрева во микробранова печка (и зошто?) Од рибата во микробранова ќе замириса цел стан, а месото станува суво и тврдо. П...
Кулинарски грешки што ниту искусните не се свесни дека ги прават Дали знаете дека доматите не треба да се готват во нелепливо тавче, а дека за пр...
Ја подобруваат циркулацијата и уште 7 причини зошто почесто да јадете боровинки Без разлика дали како свежи или замрзнати, боровинките може да се најдат во теко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg