Не се изгладнувајте: Совети кои ќе ви ја намалат желбата за нездрава храна

Дали често посакувате забранета храна додека се обидувате да ослабете? Дури и оние најпосветените на диетата ја чувствуваат привлечноста на храната од фрижидерот и во него бараат нешто со што би ја задоволиле својата желба.

namalete-so-jadenje-vednas-odlicni-soveti-koi-kje-vi-ja-namalat-zelbata-za-nezdrava-hrana-01

Со самото тоа што нема да посегнете по храна за време на процесот на слабеење не само што губите килограми, туку и ја намалувате желбата за изразено мрсна, слатка и солена храна.

1. Одбирајте храна со низок гликемиски индекс

Храната со низок гликемиски индекс побавно се вари и разградува, па со самото тоа предизвикува помал раст на нивоата на глукоза и инсулин во крвта. Ваквата храна ќе ви помогне да се чувствувате сити после јадење и ќе го намалите ризикот од трупање на непотребни килограми. Најдобро е секој ден да јадете 5 помали оброци кои вклучуваат барем 2 овошја и порција цели житарки. Така, организмот ќе го добие сето она што му е потребно и нема да копнее по нездрави продукти.


2. Јадете домашно приготвена храна, дури и на работа

Ако посакувате пица или хамбургер, направите своја здрава домашна верзија и понесете ја со вас на работа. Припремете домашни плескавици и направете хамбургер од интегрално печиво со многу зеленчук. Добра идеја е и рибата со компири – рибата печена на скара, а компирот во рерна со неколку капки маслиново масло. Ваквата здрава храна ќе ја потисне желбата за нездраво јадење.


3. Хранете се разновидно

Строгите и рестриктивни режими на исхрана често се нутритивно неодржливи и го зголемуваат ризикот од јадење нездрави намирници.  Најдобро е ништо да не си забранувате и да комбинирате барем 20 различни продукти секој ден – така што во еден ден ќе добиете цело богатство од вкусови.

 

4. Паметно распоредете ги оброците

Делот од оброкот со најмногу калории ставете го во средина, а оние производи кои изобилуваат со влакна и протеини ставете ги на почеток и на крај., Најдобро е да започнете со лесна супа, потоа да јадете некое покалорично јадење и да го завршите ручекот со салата. Ако така го распоредите оброкот, ќе имате чувство дека сте изеле многу поради нивоата на храна и едноставно нема да посакувате друго јадење.


5. Не го прескокнувајте појадокот

Појадокот е најважниот оброк од денот. Наутро јадете овесна каша или тврдо варени јајца со црн `ржан леб. Луѓето кои го прескокнуваат појадокот најмногу посакуваат слатки грицки за време на денот затоа што појадокот е оброкот кој најмногу треба да ве штити од тоа. Па ако го прескокнете, тогаш целиот ден можете да го поминете грицкајќи нездрава храна. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите Дали знаете дека ако ставите премногу масло на калапот за торта таа ќе излезе из...
Храна која е повкусна во Air Fryer (и се прави побрзо) Пченка, замрзната брокула, поздрава варијанта на сланина – некои јадења е подобр...
3 зачини што го забрзуваат метаболизмот (можете да ги додадете во утринското кафе) Постојат зачини кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми бидејќи...
Празнична магија на трпезата: Креативни идеи за декорирање на храната Ладна даска во вид на елка и венец, снешковци од варени јајца и новогодишна елка...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Маслиново масло или маслинки - што е поздраво и кои се придобивките? Треба да се спомене дека и маслиновото масло и маслинките содржат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg